Зошто му е потребна масажа на нашето тело?

Зошто му е потребна масажа на нашето тело?

Секојдневниот стрес придонесува нашето тело да е постојано згрчено. Но, штом се допре нашиот најголем орган кожата, во нашиот мозок се испраќаат пораки. Ние чувствуваме дека тоа ни недостасувало.

Ни недостасувало за миг да избегаме од секојдневието. Да си посветиме убави моменти за себе. А покрај сé масажата е многу корисна за нашето тело. Со неа се истиснуваат отпадните непотребни материи од нашите мускули. Со отстранувањето на овие токсини, мускулатурата одново врши апсорбција, се храни со минерали. На овој начин се постигнува метаболичка рамнотежа.

Терапевтска или релаксирачка масажа?

Зошто му е потребна масажа на нашето тело?

Научните истражувања докажале дека со масажа се намалува главоболката. За разлика од терапевтската масажа која има за цел да ги намали вашите болки во грбот, вратот или половината, релаксирачките масажи се за опуштање и имаат позитивен исход во физичкото како и во менталното задравје. Помага во борбата со стресот, проблемите со спиење и анксиозноста. Затоа овој третман често се комбинира со ароматерапија и пријатна музика. Пријатна атмосфера со цел да се потенцира задоволството.

Ароматерапијата е лекување или спречување на болеститe со користење на етерични масла. Се применува и при ублажување на болки и вознемиреност, зголемување на енергијата, подобрување на меморијата, за опуштање, спречува опаѓање на косата. Ги намалува егземите кои предизвикуваат чешање.

Какви масла да употребиме зависи од ефектот кој сакаме да го постигнеме?

  • Антибактериски ефект

Tестовите го потврдија антибактериското дејство на некои масла. Такви се есенцијалните масла од рузмарин, каранфилче, вар, цимет и масло од чајно дрво. Како силен антибактерицид се јавува и маслото од роза.

  • Антивирусно дејство

Докажано е дека есенцијалните масла од чајно дрво, лимон, сандалово дрво, ѓумбир, мајчина душица, нане и анасон се ефикасни против вирусите на херпес во ин витро тестовите.

  • Антифунгални акција

Есенцијалните масла од лаванда, мајчина душица, каранфилче, смрека и масло од чајно дрво покажале антифунгални активности во тестовите.

  • Антивоспалително дејство

Студиите покажаа антиинфламаторно дејство на каранфилче, цимет, жалфија, еукалиптус, црн ким и ловоров лист, масло од роза.

  • Аналгетски ефект

Етеричното масло од бел бор, смрека, еукалиптус, лаванда, рузмарин може да се користи за болка.

  • Антидепресивно дејство

По конзумирањето на масла од  бергамот, грејпфрут, горчлив портокал, жалфија, лаванда, мандарина, риган, може да се појават антидепресивни ефекти.

  • Афродизијачко дејство

Дефинитивно тука на прво место е маслото од роза. Доволно е да се стави неколку капки во дифузер и ефектот ќе се појави и кај двата пола.

Може да се стави и по една капка позади ушите за да се чувствува подолго.

На пазарот го има во чиста форма, во оваа форма го има и во Рефан како апсолут розово масло во шишенце од 1 мл, за кое биле неопходни дури 1600 цветови од роза.

Наш предлог е да направите одична комбинација на масажа со ароматерепија со кое ќе ви го зголеми задоволството на секое ниво. Тоа е маслото за масажа од рози, кое прави длабока хидратација, опушта, и секаkо може да се користи како афродизијак.

Зошто му е потребна масажа на нашето тело?

5 причини да сакате повеќе, оти љубовта е живот – тврдат докторите!