[gap height=”90px”]

[title style=”center” text=”Приватност” tag_name=”h1″ margin_top=”0px”]

[share title=”Сподели” style=”small” align=”right” scale=”95″]

[gap height=”60px”]

[row]

[col span=”1″ span__sm=”12″]

[/col]
[col span=”10″ span__sm=”12″]

Политика за приватност

Со Refan можете да спиете мирно. Сите ваши трансакции и лични податоци се потполно безбедни.

Сите трансакции се се шифрирани со последната верзија на SSL технологија за заштита.

Ние не ги читаме, запишуваме ниту пак ги чуваме вашите чувствителни информации. Тоа можете многу лесно да го проверите. Како? Секој пат кога купувате на Refan ќе морате одново да ги запишувате сите ваши податоци. Што е доказ дека не се никаде запаметени.

Ако често купувате на Refan ова брзо ќе ви здодее, но само така ќе бидете сигурни во безбедноста на вашите информации. Ова е уште едно ниво на сигурност што ви го овозможува Refan.

Освен безбедноста на вашите податоци, се разбира ќе ве интересира да се осигурате во квалитетот на производот или услугата што ја купувате. Затоа ние соработуваме само со високо реномирани партнери, за кои што сигурно веќе сте слушнале и кои можеби веќе сте посакале да ги посетите.

И воопшто не двоумете се да не контактирате во врска со било какви прашања што можеби ги имате. Ние само сакаме да ви удоволиме и ќе бидеме достапни во секое време да ги решиме евентуалните недоразбирања.

 

Политика за заштита на лични податоци

Изјава за доверливост на податоците

Оваа изјава за доверливост на податоците се однесува на доверливост на податоците кои се наоѓаат на страниците и кои со користење на тие страници се собрани и сочувани во базите на податоци на Интернет страниците на Refan (во понатамошниот текст кога се спомнуваат заедно – Refan) од Крајните корисници.

Refan како давател на услуги на Интернет страниците Refan (во понатамошниот текст – “Ние“) е посветена да ја заштити вашата приватност додека сте online. Ве молиме да го прочитате следното, како полесно би разбрале кои информации ги собираме од вас (во понатамошниот текст – “Корисник“ или “Краен корисник“) и како ги користиме тие информации. Ако имате било какви прашања во врска со доверливоста на податоците, ве молиме да ни испратите e-mail порака на e-mail адресата remipandoo@gmail.com

Ве молиме, внимателно да ја прочитате оваа изјава за доверливост на податоците. Со пристапот или користењето на нашите интернет страници, потврдувате дека сте ги прочитале и разбрале и дека се согласувате со сите услови за доверливост на податоците и со начините на користење на нашите интернет страници. Доколку не се согласувате со овие услови, напуштете ја нашата интернет страница, не пристапувајте и не ја користете оваа интернет страница.

*Како до безбеден профил на Refan

За поголема безбедност на вашиот профил Refan ве советува да составите лозинка составена од најмалку 8 карактери составена од алфабетни, нумерички и интерпукциски знаци,или да ја користите автоматски генерираната системска лозинка.

Refan ве советува еднаш месечно да вршите промена на вашата лозинка, која може лесно да ја промените од менито “Мој профил”, во делот “Детали за профилот”.

Доколку ја имате заборавено вашата лозинка можете слободно да побарате нова при смата најава обележувајќи го делот “ја заборавив мојата лозинка”.

Доколку имате проблеми за промени на лозинката контактирајте не на remipandoo@gmail.com и лозинката ќе ви биде ресетирана.

*Како да ги избришам моите податоци на Refan

Доколку повеќе не сакате да бидете дел од семејството на Refan и вашите податоци сакате да бидат целосно избришани, ве молиме пишете ни на нашиот емаил remipandoo@gmail.com и нашата служба комплетно ќе ги избрише вашите податоци од нашата база.

Доколку повеќе не сакате да примате известувања по е-маил за било која активност на Refan контактирајте не на remipandoo@gmail.com., или пак на крајот од секој “newsletter” имате да одберете опција за отпишување од оваа листа.

*Чување и пренесување на податоци

Сите податоци внесени на Refan се целосно доверливи и никогаш нема да бидат пренесени на трети лица.

Пристап до личните податоци кои ги имате внесено на Refan имаат само лица овластени од владините институции чија цел е извршување на инспекциски надзор за работењето на Refan.

 

 

Измена на доверливоста на податоците

  1. Вид на собрани информации и користење на собраните информации
  2. Објавување на лични идентификациски информации
  3. Објавување на не-лични идентификациски информации
  4. Ажурирање и исправка на информациите
  5. Избор на Корисникот во врска со собирањето и употребата на информациите
  6. Заштита на податоците
  7. Следење на податоците
  8. Доверливост на податоците на Трети интернет страници
  9. Останати теми за доверливост на податоците
  10. Измена на доверливоста на податоците

Оваа изјава за доверливост на податоците можеме да ја измениме во било кое време со објавување на изменетиот текст на изјавата за доверливост на податоците во делот “Доверливост на податоците“ на нашите интернет страници. Измените на изјавата за доверливост на податоците стапуваат на сила веднаш по објавата на овие интернет страници. На секој Корисник паѓа одговорноста периодично да ја прегледа оваа Интернет страница и да ја проучи измената на Изјавата за доверливост на податоците. Продолжувањето на користењето на оваа Интернет страница од ваша страна, по стапувањето на сила на таквите измени, подразбира дека ги потврдувате и прифаќате сите услови на така изменетата Изјава за доверливост на податоците

Вид на собрани информации и користење на собраните информации

Ние собираме два вида на информации за Корисниците на нашите Интернет страници: лични идентификациски информации и не-лични идентификациски информации.

Лични идентификациски информации.

Лични идентификациски информации се информации кои го идентификуваат специфичниот Краен корисник. Кога ќе се вклучите во одредени активности на нашите Интернет страници, како што се отварање на кориснички профил, нарачување на производи или услуги од нас или од нашите партнери, објавување на содржини и/или објавување на текстови на форуми, учествување во наградни игри или томболи кои ги спонзорираме ние или нашите партнери, пополнување анкети, објавување на коментари, праќање на повратни информации до нас или нашите партнери, барање на информации за нашите услуги, јавување на оглас за работа, ставање на видео запис или потпишување на посебни понуди од трети лица преку нашите Интернет страници (во понатамошниот текст кога се споменуваат заедно – идентификациски активности), можеме од вас да побараме да ни дадете одредени информации за вас. Вклучувањето во идентификациски активности е опционално. Меѓутоа, доколку се одлучите да се вклучите во некоја идентификациска активност, можеме од вас да побараме да обезбедите некои лични информации, како што се име и презиме, адреса (вклучувајќи поштенски број), e-mail адреса, телефонски број и датум на раѓање. Кога нарачувате производи и услуги, можеме од вас да побараме да ни дадете информација за бројот на вашата кредитна картичка, датум на важност, код за авторизација и други информации поврзани со тоа. Во зависност од видот на активностите, некои информации, кои бараме да ни се достапни, се одредени како задолжителни, а некои како доброволни. Ако не доставите информација која е задолжителна за одредена активност, нема да ви биде дозволено вклучување во таа активност.

Ние ги користиме личните идентификациски информации како би ви понудиле производи и услуги, би организирале томбола и наградни игри, би ја унапредиле работата на оваа интернет страница, би ги подобриле нашите огласувачки и промоциски напори, би ја анализирале употребата на интернет страниците Refan, би ја подобриле нашата понуда на производи и услуги, и би го испитале вашето искуство со трети лица, а како што е изложено во точка 3 од оваа изјава за доверливост на податоците. На пример, ако на нашата служба за корисници испратите e-mail порака, ние би можеле да ги користиме вашите коментари и повратни информации како би можеле другите да ги известиме за нашите услуги, и тој ваш коментар можеме да го објавиме на нашите огласувачки материјали на нашата интернет страница. Освен тоа ако ја користите нашата интернет страница за праќање на информации или производи на други личности, можеме да ги зачуваме вашите лични информации и лични информации на било кој примател. Можеме да ги користиме контакт информациите на таа друга личност како би му/и овозможиле да го прегледа и прифати вашиот подарок или би му овозможиле на тој примател пристап до информациите кои вие сте ги побарале, а ние сме ги испратиле. Исто така можеме да ги користиме личните идентификациски информации за решавање на проблеми, имплементација на административни задачи, воспоставување контакт со вас, почитување на договорот со вас, вклучувајќи ги Услови за користење и Изјавите за доверливост на податоците на нашите интернет страници, почитување на соодветните закони и соработка со службите за спроведување на законите.

Не-лични идентификациски информации. Не-личните идентификациските информации се информации кои не го идентификуваат специфичниот Краен корисник. Овој вид на информации можат да вклучуваат ставки како што се Uniform Resource Locator (URL) на интернет страниците кои се посетени пред да ја отворите нашата интернет страница, URL на интернет страниците кои се посетени по напуштањето на нашата интернет страница, вид на пребарувач кој го користите и вашата Internet Protocol (IP) адреса. Ние и/или нашите овластени даватели на услуги и огласувачи, можеме автоматски да ги прибираме овие информации кога ќе ја посетите нашата интернет страница, со помош на електронските алатки како што се Cookie и Web beacon или Pixel tag алатки, а како што е опишано во точките 4 и 8 на оваа Изјава за доверливост на податоците.

Ние ги користиме не-личните идентификациските информации за решавање на проблеми, администрирање на Интернет страницата, анализа на трендовите, прибирање на демографски податоци, анализа на усогласеноста со позитивните прописи и соработка со службите за спроведување на законот. Исто така ние можеме да ги делиме овие информации со нашите овластени даватели на услуги и огласувачи, а како би ја измериле вкупната ефикасност на нашето online огласување, содржина и програмирање.

 

Објавување на лични идентификациски информации

Ние нема да ги даваме вашите лични идентификациски информации на други лица освен на оние кое се посебно наведени овде:

Ние можеме да ги споделиме вашите информации со поврзани ресторани. Ние даваме некои производи или услуги заеднички со одредени ресторани. Тие се попознати како „поврзани ресторани“. Ние делиме некои од вашите идентификациски лични податоци со поврзаните ресторани како би им помогнале да ви пружат подобра услуга и да ја пратат вредноста на нашата програма. Споделувањето на овие информации ќе му овозможи на поврзаниот ресторан да се рекламира директно кај вас, доколку за тоа се одлучи. Меѓутоа, ние ќе ги споделиме личните идентификациски информации со поврзаните ресторани само ако се вклучите во идентификациска активност, и тоа само со поврзаниот ресторан кој е вклучен во таквата идентификациска активност. На пример, ако купите промотивен ваучер од одреден ресторан, ние можеме со тој ресторан да ги споделиме вашето име, e-mail адреса и градот во кој живеете.

Ние можеме да ги споделиме ваши информациии со поврзани друштва. Ние заеднички даваме некои производи или услуги со други малопродажни продавници кои нудат попусти преку нас. Тие се познати како „поврзани друштва“. Ние можеме да споделиме ваши лични идентификациски информации со поврзаните друштва така да можат да ве контактираат во врска со некоја парична трансакција. Споделувањето на овие информации ќе му овозможи на поврзаното друштво директно да се рекламира кај вас, доколку се одлучи за тоа. Меѓутоа, ние ќе споделуваме лични идентификациски информации со поврзаното друштво само ако се вклучите во идентификациска активност, и тоа само со поврзаното друштво кое е вклучена во таквата идентификациска активност. На пример, ако купите промотивен ваучер за одредена малопродажна продавница, ние со таа продавница можеме да го споделиме вашето име, e-mail адреса и градот во кој живеете или престојувате.

Ние можеме да ги споделиме ваши информации со овластени трети лица даватели на услуги. Ние даваме некои наши услуги и производи преку трети лица. Овие „Трети даватели на услуги“ спроведуваат некои активности во наше име, како што се испраќање и дистрибуирање на наши административни и промотивни е-маил пораки. Ние можеме да споделиме ваши лични идентификациски информации со таквите даватели на услуги заради исполнување на нарачки, испорака на пакети, испраќање на обична пошта и e-mail пошта, администрирање на наградни игри или томбола, отстранување на дупликат информации на листите на клиенти, анализа на податоци, давање на услуги за огласување, обезбедување на резултати од пребарувања и линкови, обработка на плаќања со кредитни картички, управување со интернет страниците Refan, решавање на проблеми, и давање на кориснички услуги. Ние исто така можеме да прибираме лични информации на поединци и друштва со кои имаме деловни односи (“поврзани“) и можеме исто така да споделуваме нивни информации со давателите на услуги како би ги оствариле нашите административни задачи подобро. На пример, кога нарачувате услуга, податоците од вашата кредитна картичка ги предаваме на банката, која ја издала картичката, како би го потврдиле плаќањето на услугата и, доколку е потребно, ја даваме вашата адреса на службата за испорака како би можеле да ја испорачаат услугата. Слично, ние можеме да дадеме информација од поврзаното друштво на нашата банка како би го спровеле плаќањето. Ние ги охрабруваме поврзаните ресторани, поврзаните компании и третите провајдери на услуги да ги прифатат и објават изјавите за доверливост на податоците. Употребата на вашите лични идентификациски податоци од нивна страна е пропишана со изјавите за доверливост за податоци на тие страни и не е под наша контрола.

Ние можеме да споделиме ваши информации и во случај на деловно превземање. Како и кај другите деловни работења, ние можеме да се споиме или нас може да не превземе друго друштво. Ако тоа се случи друштвото следбеник ќе ги добие информациите кои ние ги чуваме, вклучувајќи ги личните идентификациски информации. Меѓутоа личните идентификациски информации ќе останат подложни на оваа изјава за доверливост на податоците.

Ние можеме да ги споделиме вашите информации со цел за наша заштита и заштита на другите. Ние исто така можеме да ги откриеме личните идентификациски информации кога веруваме дека нивното откривање ќе помогне во спроведување на законот или кога тоа е неопходно како последица на судски налог, дека тоа ќе обезбеди усогласеност со оваа изјава за доверливост на податоци, Условите за користење на нашите интернет страници или други договори; или да се заштити правото на сопственост или сигурноста на овие интернет страници, нивниот корисник или други лица.

Објавување на не-лични идентификациски информации

Ние можеме да откриеме или споделиме не-лични идентификациски информации со Партнерите, Поврзаните друштва и со Огласувачите. На пример, ние можеме да ги споделиме собраните демографски информации (кои не ги вклучуваат личните идентификациски информации) со “Трети огласувачи“ или “Трети агенции за огласување“, и на други лица како што е доле наведено:

Ние користиме Трети агенции за огласување за опслужување на огласите на нашите страници. Овие агенции можат да ги користат не-личните идентификациски информации за вашите посети на оваа или други интернет страници, со цел преку употреба на мрежни ознаки, да обезбедат огласи за стоки и услуги за кои вие би можеле да бидете заинтересирани. Ние исто така користиме Трети даватели на услуги за следење и анализа на статистика за употребата и волуменот на не-лични идентификациски информации на нашите Корисници, а со цел за администрирање на нашите интернет страници и постојано подобрување на нивниот квалитет. Ве молиме да имате предвид дека овдека не се работи за лични идентификациски податоци, туку само за сумирани активности на нашите Корисници. Овие податоци се собираат во наше име и според тоа претставуваат наша сопственост и само ние ги користиме.

Ажурирање и исправка на информациите

Ние сметаме дека вие би требале да имате можност за пристап и промена на личните идентификациски податоци кои ни ги давате. Вие можете да промените било која од вашите Идентификациски лични информации со праќање на e-mail порака на remipandoo@gmail.com. Во таа e-mail порака, ве молиме да го наведете вашето име и презиме, адреса и e-mail адреса и кои информации сакате да ги ажурирате кога не контактирате.

Ви препорачуваме што побрзо да ги ажурирате вашите лични идентификациски информации кога тие ќе се променат. Можете да побарате бришење или отстранување на информациите за вашиот кориснички профил; меѓутоа, со оглед на тоа дека ги чуваме поранешните трансакции, не можете да ги избришете информациите во врска со поранешните трансакции на нашите интернет страници. Покрај тоа, можеби нема секогаш да бидеме во можност до крај да ги избришеме сите ваши информации.

Избор на Корисникот во врска со собирањето и употребата на информациите

Како услов за купување на нашите производи или услуги, ние бараме ваша дозвола да ви испраќаме Административни и Промотивни e-mail пораки. Ако побарате, ние ќе ви испраќаме информации во врска со активностите на вашиот кориснички профил и вашите купувања, како и ажурирани информации во врска со нашите производи и промоциски понуди. Не можете да го исклучите примањето на Административните e-mail пораки. “Административните e-mail пораки“ се однесуваат на Корисничката активност на интернет страницата и вклучуваат пораки во врска со одредени Кориснички профили, барања или прашања, како и пораки во врска со купувањето на производи и услуги. За разлика од Административните e-mail пораки, можност за избор имате во поглед на Промоциските e-mail пораки. Промоциските e-mail пораки ги огласуваат нашите производи и услуги, вклучувајќи ексклузивни продажни и други понуди и/или производи и услуги на нашите Огласувачи и Поврзани друштва. Ние ги праќаме Промоциските email пораки на Корисниците кои се регистрирани и кои ја имаат избрано опцијата за примање на Промоциски e-mail пораки. Доколку не сакате од нас да примате Промоциски e-mail пораки, можете во било кое време по регистрацијата да ја изберете опцијата за откажување на примање на Промоциски e-mail пораки преку праќање на e-mail порака на remipandoo@gmail.com или со означување на полето “исклучи ја претплатата“ на дното на било која наша e-mail порака. Во случај на контактирање, ве молиме наведете го вашето име, адреса, e-mail адреса и кој вид на Промоциски e-mail пораки повеќе не сакате да ги примате.

Заштита на податоците

Заштитата на податоците ја разбираме сериозно и превземавме разни мерки на претпазливост како би ги заштитиле личните идентификациски информации. До вашите лични идентификациски информации на нашата интернет страница можете да пристапите со помош на лозинка и вашата e-mail адреса. Оваа лозинка е криптирана. Ви препорачуваме, вашата лозинка да не ја откривате никому. Покрај тоа, вашите лични идентификациски информации се чуваат на сервер на кој можат да пристапат само избрани личности и даватели на услуги. Ние вршиме криптирање на одредени осетливи информации користејќи Secure Socket Layer (SSL) технологија, како би обезбедилесигурност на вашите лични идентификациски информации откако ќе стигнат кај нас.

За жал ниту еден пренос на податоци преку интернет, или било која безжична мрежа не може да биде 100% сигурен. Како последица на тоа, и покрај тоа што спроведуваме комерцијално разумни заштитни мерки за заштита на податоците и се здружуваме со друштвата што го прават истото, не можеме да ја гарантираме заштитата на било која информација пренесена на или од нашата интернет страница и не сме одговорни за дејствијата на било кое трето лице кое таквите информации ги прима.

За жал ниту еден пренос на податоци преку интернет, или било која безжична мрежа не може да биде 100% сигурен. Како последица на тоа, и покрај тоа што спроведуваме комерцијално разумни заштитни мерки за заштита на податоците и се здружуваме со друштвата што го прават истото, не можеме да ја гарантираме заштитата на било која информација пренесена на или од нашата интернет страница и не сме одговорни за дејствијата на било кое трето лице кое таквите информации ги прима.

Следење на податоците

Cookies. Со цел да го олесниме и прилагодиме вашето искуство на овие Интернет страници ние испраќаме и превземаме Cookies на вашиот компјутер. Cookie е мала текстуална датотека која се наоѓа на компјутерот на Корисникот со цел за чување на податоци. Таа содржи информации за Корисникот. Ние ги користиме Cookies за да ви заштедиме време при користењето на овие интернет страници, да се потсетиме кои сте и да ги следиме и насочуваме интересите на Корисникот, а се со цел да му обезбедиме индивидуално прилагодено искуство. Cookies исто така ни овозможуваат од вас да ги собереме не-лични идентификациски информации, како што се информациите за тоа кои страници сте ги посетиле и на кои линкови сте кликнале. Употребата на овие информации ни помага да создадеме повеќе кориснички прифатливо искуство за сите посетители. Покрај тоа, можеме да користиме Трети агенции за огласување за прикажување на огласи на нашата интернет страница. Како дел на нивната услуга, тие можат да стават одвоени Cookies на вашиот компјутер. Ние немаме пристап или контрола над тие Cookies. Оваа изјава за доверливост на податоците пропишува употреба на Cookies само од страна на нашите интернет страници и не се однесува на употребата на Cookies од страна на било кој Огласувач. Поголемиот број на пребарувачи автоматски ги прифаќа Cookies, но вие сте во можност да ги наместите поставките на вашиот пребарувач да ги одбива Cookies. Ве молиме да земете предвид дека доколку ги одбиете или избришете овие Cookies, постои можност дека некои делови од нашите интернет страници нема правилно да работат.

Други начини на следење. Ние можеме да користиме и други стандардни технологии како што се pixel tags и web beacons за следење на вашата употреба на нашите интернет страници и промоции, или можеме да им дозволиме на Трети даватели на услуги користење на оваа метода во наше име. Pixel tags и web beacons се ситни графички слики поставени на одредени страници на нашите интернет страници или во нашите e-mail пораки и тие ни овозможуваат да воочиме дали сте спровеле определени дејствија. Кога ќе пристапите на тие страница или отворите или кликнете на e-mail порака pixel tags и web beacons генерираат не-лични идентификациски информации за тоа дејствие. Pixel tags ни овозможуваат мерење и подобрување на нашето разбирање на прометот на посетителите и нивното однесување на нашите интернет страници и исто така ни дава можност да ја оцениме успешноста на нашите промоции и нивната ефикасност. Исто така за истата цел можеме да ги користиме pixel tags и web beacons алатките на нашите Поврзани друштва и/или Маркетиншки партнери.

Доверливост на податоците на Трети интернет страници

Оваа изјава за доверливост на податоците се однесува само на употребата и објавувањето на информациите кои ги собираме од вас. Другите интернет страници на кои може да се пристапи преку нашите интернет страници имаат свои сопствени изјави за доверливост и собирање на податоци, како и за начините на нивното користење и објавување на тие страници. Ако се префрлите на било која таква страница, ви препорачуваме да ја прегледате изјавата за доверливост на податоците на таа страница. Ние не сме одговорни за начинот и условите на работење на трети лица.

Останати теми за доверливост на податоците

Деца. Малолетни лица помлади од 14 години не смеат да ги користат нашите интернет страници. Ние не собираме или задржуваме информации од било кого кој е помлад од 14 години, па според тоа ниту еден дел од овие интернет страници не е дизјниран на начин да привлече било кого кој е помлад од 14 години.

 

 

[/col]
[col span=”1″ span__sm=”12″]

[/col]

[/row]
[gap height=”60px”]