[gap height=”90px”]

[title style=”center” text=”Услови за користење” tag_name=”h1″ margin_top=”0px”]

[share title=”Сподели” style=”small” align=”right” scale=”95″]

[gap height=”60px”]

[row]

[col span=”10″ span__sm=”12″]

Општи услови за користење на Интернет страниците на Refan

  1. Дефиниции
  2. Општо
  3. Измена на условите
  4. Опрема
  5. Однесување на Крајниот корисник
  6. Интелектуална сопственост
  7. Изјава за гаранција и ограничување на одговорноста
  8. Надзор
  9. Приватност
  10. Лиценцирање
  11. Надомест на штета
  12. Прекин на деловниот однос
  13. Трговски марки
  14. Содржина на трети лица
  15. Разно
  16. Дефиниции

Реми Пан дава интерактивна online услуга преку Интернет страниците на доменот Refan.mk, со која управува Реми Пан доо Скопје  (во понатамошниот текст кога се спомнуваат заедно – Refan) на World Wide Web мрежата (во понатамошниот текст: – “Интернет“). Услугата се состои од давање на информациски услуги, управување со содржината, како и спроведување на финансиски трансакции. Наведените услуги заеднички ги даваат Refan, поврзани друштва и трети лица.

Под поимот “Интернет страници“ во овие Услови за користење се подразбираат сите интернет страници кои се наоѓаат во доменот Refan.mk. Со користењето на овие интернет страници изјавувате дека сте запознаени и согласни со тука изнесените услови за користење и правила.

Доколку не се согласувате со тука наведените услови за користење и правила, ве молиме да се воздржите од употребата на овие интернет страници.

  1. Општо

Овие Услови за користење ги пропишуваат условите и правилата кои се однесуваат на користењето на Интернет страниците на Refan од страна на Крајните корисници. Со користењето на овие Интернет страници (освен при првото читање на овие Услови), Крајните корисници изјавуваат дека се согласуваат со тука изнесените услови и правила и согласни се со користењето на Интернет страниците Refan во согласност со нив.

Правото на користење на овие Интернет страници е лично право на Крајниот корисник, и не може на ниту еден начин да се пренесе на други физички или правни лица. Крајниот корисник е лично одговорен за заштита на доверливоста на лозинките, на оние места каде што тие како такви постојат. Крајниот корисник е запознаен со фактот дека, иако интернетот е општо сигурна околина, понекогаш доаѓа до прекин на услугите, или до настани кои се надвор од контролата на  Refan.

Според тоа, Refan не може да биде одговорна за било какво губење на податоци до кои може да дојде за време на преносот на информациите на Интернет. Иако целта на  Refan е овие Интернет страници да ги направи достапни 24 часа дневно и тоа 7 дена во неделата, Интернет страниците понекогаш можеби нема да бидат достапни од било која причина, вклучувајќи и нивно рутинско одржување. Крајниот корисник се согласува и прифаќа дека од причини кои се под, како и надвор од контрола на  Refan, пристапот на Интернет страниците понекогаш може да биде во прекин, привремено недостапен или исклучен.

Refant го задржува правото во било кое време да измени или укине било кој сегмент од своето работење, вклучувајќи, но неограничувајќи се на содржината, времето на достапност, како и опремата потребна за пристап и користење на страниците. Понатаму, Refan може да престане да го испраќа било кој дел од информацијата, или било кој вид на информација, може да промени или да укине било каков начин на пренос на податоци, да ја промени брзината на пренос на податоците, како и било која нивна друга карактеристика.

  1. Измена на условите

Refan го задржува правото во било кое време, и без претходно известување, доколку тоа го смета за потребно, да укине или да измени било кој од овдека наведените Услови за користење и/или Изјава за доверливост на податоците. Таквите измени, помеѓу другото, може да вклучуваат и воведување на определени надоместоци или наплата.

Според тоа, ги советуваме корисниците од време на време повторно да ги прочитаат информациите содржани во Условите за користење и Изјавата за доверливост на податоците, како би останале информирани за таквите измени. Напоменуваме дека доколку дојде до измена на Условите за користење и Изјавата за доверливост на податоците и вие продолжите да ги користите нашите Интернет страници, се подразбира дека ги прифаќате Условите за користење и Изјавата за доверливост кои се важечки во моментот.

Било каква измена или бришење на условите и правилата на користење ќе стапи на сила веднаш откако ќе биде објавена на страниците. Било какво користење на овие Интернет страници од страна на Крајниот корисник по таквата објава ќе се подразбира како прифаќање на тие измени.

  1. Опрема

Крајниот корисник е одговорен за набавката и одржувањето на својата компјутерска опрема, вклучувајќи го целокупниот софтвер и хардвер кој го поседува и кој го користи, како и друга опрема, која е потребна за пристап и користење на овие Интернет страници, како и поврзаните трошоци со сето тоа. Refan не е одговорна за било какво оштетување на опремата на Крајниот корисник, која може да настане како последица од користењето на овие Интернет страници.

  1. Однесување на Крајниот корисник

Овие Интернет страници, како и било кои други страници, сега или подоцна содржани, или на друг начин достапни по пат на надворешни линкови со Интернет страниците Refan се приватна сопственост. Целокупната меѓусебна комуникациија и интеракција која се одвива преку овие Интернет страници мора да биде во согласност со овие Услови за користење.

Иако ја подржуваме и поттикнуваме коминикацијата и меѓусебната интеракција на корисниците преку Интернет страниците Refan, бараме и очекуваме од сите корисници, сите нивни активности во врска со користењето на овие Интернет страници да бидат во согласност со позитивните прописи на Македонија.

Крајните корисници не смеат преку овие Интернет страници да објавуваат или пренесуваат било какви материјали кои ги загрозуваат, или на било кој начин ги кршат правата на другите, било каков материјал кој по својата природа е незаконски, загрозувачки, навредлив, клеветнички, кој ја нарушува или загрозува приватноста, кој е вулгарен, расипан, или на друг начин непожелен во одмерената комуникација, кој поттикнува на противправни активности, или на друг начин крши било каков пропис и кој без изречно, претходно и писмено одобрение на  Refan, содржи огласување или понуда на било чии производи и услуги.

Било какво однесување на Крајните корисници, кое по дискрециона оцена на  Refan го ограничува или оневозможува било кој друг Краен корисник во користењето или уживањето во овие Интернет страници строго е забрането. Крајниот корисник не смее да ги користи овие Интернет страници за огласување или изведување на било каква комерцијална, верска, политичка или некомерцијална пропаганда, вклучувајќи повикување на корисниците на овие Интернет страници на тоа да станат членови на друга online или offline услуга, која представува директна или индиректна конкуренција или потенцијална конкуренција на  Refan.

  1. Интелектуална сопственост

Сите материјали кои се наоѓаат на Refan Интернет страниците се екслкузивно право на  Refan, или се користат со изрично одобрение на носителот на авторските права и на носителите на трговските марки и/или дизајни. БИЛО КАКВО КОПИРАЊЕ, ДИСТРИБУЦИЈА, ПРЕНОС, ОБЈАВУВАЊЕ, ПОВРЗУВАЊЕ, ДЛАБИНСКО ПОВРЗУВАЊЕ, ИЛИ НА ДРУГ НАЧИН МЕНУВАЊЕ НА ОВИЕ ИНТЕРНЕТСКИ СТРАНИЦИ БЕЗ ИЗРИЧНО ПИСМЕНО ОДОБРЕНИЕ ОД  Refan e СТРОГО Е ЗАБРАНЕТО! Било какво кршење на овие услови, кое може да има како последица повреда на авторските права, правото на трговска марка, или право на било кој друг облик на интелектуална сопственост може да доведе до покренување на граѓански или трговски постапки и/или до кривичен прогон против сторителот.

Овие Интернет страници содржат материјали заштитени со авторско право, трговска марка, дизајн и други информации кои се покриени со други права на физички и правни лица, вклучувајќи, но неограничувајќи се на текстови, софтвер, фотографии, видео материјали, графика, музика, звук, како и целокупната содржина на Интернет страниците на Refan, а во согласност со прописите на Македонија.

Refan е носител на авторските права во врска со изборот, координацијата, поставувањето и унапредувањето на таквата содржина, како и на правата во врска со оригиналната содржина. Крајниот корисник не смее да: менува, објавува, пренесува, учествува во преносот или продажбата, преработува или адаптира, или на било кој начин да користи било која содржина, во целост или делумно. Крајниот корисник може да ги превзема, печати и подготвува материјалите заштитени со авторско право само со цел за своја сопствена употреба. Не е дозволено копирање, редистрибуција, повторен пренос, издавање или комерцијално искористување на превземениот материјал без изрично писмено одобрение на  Refan и носителот на авторското право.

Крајниот корисник нема на овие Интернет страници да поставува, објавува или на друг начин да прави достапен било каков материјал кој подлежи на авторско право, трговска марка, или други права на интелектуална сопственост, без изрично одобрение на носителите на тие права. 

Refan нема никаква обврска да го известува Крајниот корисник, или да му помага во одредувањето на тоа дали некој материјал подлежи на авторско право. Крајниот корисник е едиснтвено и исклучиво одговорен за штетата која може да настане со повредата на авторските права, злоупотребата на трговската марка и на други права на интелектуална сопственост , или било какви проблеми настанати во врска со објавувањето на таков материјал. Со поставувањето на материјал на било кој, јавно достапен дел, на овие Интернет страници, Крајниот корисник гарантира дека носителот на правата на тие материјали изрично му дава на  Refan бесплатно, временски неограничено, неповратно, не-ексклузивно право и лиценца за користење, репродукција, модифицирање, прилагодување, објавување, преведување и дистрибуција на таквиот материјал (делумно или во целост) на подрачјето на целиот свет. Крајниот корисник исто така им дава на другите крајни корисници право на пристап, прегледување, подготовка или репродукција на тој материјал за нивна сопствена употреба. Со тоа Крајниот корисник му дава право на  Refan да го менува, копира, објавува и дистрибуира било кој материјал, кој Крајниот корисник ќе го направи достапен на овие Интернет страници.

Условите наведени во ова Поглавје подеднакво се однесуваат во корист на Refan, како и на неговите подружници, поврзани друштва и трети даватели на услуги и лиценцирани друштва, и секое од нив има право директно и во свое име да ги спроведува тие услови.

  1. Изјава за гаранција и ограничување на одговорноста

Крајниот корисник изрично се согласува дека користењето на овие интернет страници е исклучиво на одговорност на крајниот корисник. Ниту Refan, нејзините подружници, како ниту еден од нивните вработени, агенти, трети даватели на услуги или лиценцирани друштва не гарантираат дека користењето на овие интернет страници нема да биде прекината, или дека ќе биде без грешки; ниту гарантираат за (1) последиците кои можат да настанат со користењето на овие интернет страници, или (2) за точноста, сигурноста или содржината на било која информација, услуга или стока дадена преку овие интернет страници.

Оваа изјава за одговорност се однесува на сите штети, или можни повреди причинети со било какви лоши особини, грешка, исклучок, прекин, бришење, дефект, каснење со работата или преносот, компјутерски вирус, прекин на комуникациска линија, кражба, уништување или неовластен пристап, промена или злоупотреба на записите, раскинување на договор, несоодветно однесување, небрежност, или со било кое друго дејство.

Крајниот корисник изрично потврдува дека  не е одговорно за навредливо, несоодветно или противзаконско однесување на другите корисници или трети лица и дека ризикот од штетата која може да настане како последица на наведеното во потполност лежи на крајниот корисник.

Refan во ниту еден случај, или друго физичко или правно лице вклучено во создавањето, производството или дистрибуцијата на овие интернет страници, или со нив поврзана содржина, како и било кој софтвер, нема да бидат одговорни за било каква штета која може да настане како последица од користењето, или заради неможност за користење на овие интернет страници.

Крајниот корисник изрично потврдува дека условите од ова поглавје се однесуваат на целокупната содржина на овие интернет страници.

Со претходно наведените услови, ниту  Refan, ниту неговите подружници, даватели на информации, или партнери кои ја уредуваат содржината, нема да бидат одговорни, без оглед на причината или траењето, за било која грешка, неточност, или други недостатоци, несоодветност или неизворност, на информациите кои се наоѓаат на овие интернет страници, како и за било какво доцнење или прекин во преносот на информациите до крајниот корисник, за било какво побарување или загуба кои произлегуваат од тоа.

Ниту една од горенаведените страни нема да биде одговорна за било какви побарувања или загуби на трети лица, вклучувајќи и изгубена заработка.

Refanне е одговорна за било каква содржина која корисникот, претплатникот или неовластениот корисник може да ја постави на овие интернет страници. Било каква содржина која е поставена, а која е или може да се смета за несоодветна може во секој момент да биде отстранета од страна на Refan.  Refanго задржува правото на измена, прилагодување, бришење или отстранување на било која содржина за која ќе оцени дека е несоодветна.

  1. Надзор

Refan има право, но не и обврска, во секој момент да врши надзор над содржината на овие Интернет страници, вклучувајќи и било која chat соба и форум кои би можеле да бидат содржани како дел на овие Интернет страници, а со цел да се обезбеди усогласеност и почитување на овие Услови за користење, како и на било кои други правила пропишани од страна на  Refan, како и усогласеност со било кој соодветен закон, пропис или друг акт.

Без ограничивање од претходно наведените ставки, Refan го задржува правото на отстранување на било кој материјал, за кој според сопствената дискрециона оценка ќе најде дека не е во согласност со тука поставените правила, или за кој ќе најде дека е дискутабилен на друг начин.

  1. Приватност

Крајниот корисник потврдува дека сите дискусии, оцени, коментари, приватни пораки, chat соби и/или други начини на праќање на пораки или меѓусебно комуницирање (во понатамошниот текст – Заедници) се од јавна, а не од приватна природа, и според тоа членовите на Refan можат да вршат надзор над комуникациите на Крајниот без нивно знаење и експлицитна дозвола. Со оглед на тоа дека Refan не ја контролира или авторизира содржината, пораките или информациите кои можат да се најдат во било која од Заедниците, Refan специфично негира било каква одговорност во врска со Заедниците и за било какви дејствија кои се последица на учеството на Крајниот корисник во било која од Заедниците, вклучувајќи ја одговорноста за можни спорни содржини.

Било каква комуникација, која Крајниот корисник ќе ја објави на системот Refan (било да се работи за chat соба, група за дискусија, форум или слично) се смета дека не е доверлива. Доколку определени web страници дозволуваат објавување на комуникации кои Refan ги третира како доверливи, тој факт ќе биде наведен на тие страници. Со објавувањето на коментарите, пораките или други информации на оваа Интернет страница, Крајниот корисник му дава на  Refan право на користење на тие коментари, пораки или други информации со цел за промоции, огласувања, истражување на пазарот, или за било која друга правно дозволена намена. За повеќе информации погледнете ја Изјавата за доверливост на податоците на  Refan и страниците Refan.

  1. Лиценцирање

Со објавување на или преку овие Интернет, Крајниот корисник на  Refan му дава бесплатна и правно важечка, неповратна и не-ексклузивна лиценца за користење, репродукција, менување, објавување, прилагодување, преведување, дистрибуција, спроведување и прикажување на таа комуникација, сама или како дел на поголема целина, во било кој облик, на било кој медиум или преку било која технологија, позната или подоцна развиена, како и делење на таквите права со повеќекратни делители на таа лиценца.

  1. Надомест на штета

Крајниот корисник се согласува дека ќе го обештети и нема да го смета за одговорно  Refan, неговите подружници, нивните одговорни лица, вработени и агенти, за сите побарувања за надомест на штета и трошоци, вклучувајќи ги трошоците за правно застапување, а кои можат да настанат со користењето на овие Интернет страници од страна на Крајниот корисник.

  1. Прекин на деловниот однос

Refan може да го раскине деловниот однос со било кој свој Краен корисник во било кое време. Refan го задржува правото моментално да укине било која лозинка, или кориснички профил на Крајниот корисник во случај на било какво однесување на Крајниот корисник, кое  Refan според својата дискрециона оцена го смета како неприфатливо, како и во секој случај на непочитување на овие Услови од страна на Крајниот корисник. Во случај на укинување на лозинки или кориснички профили условите од Поглавјата 3, 5, 6, 7, 10, 11 и 12 нема да престанат да важат помеѓу Крајниот корисник и Refan.

  1. Трговски марки

Refan е регистрирана трговска марка на  Refan и според тоа сите права во однос на оваа трговска марка со тоа се изрично задржани. Доколку не е поинаку наведено, сите други трговски марки кои се појавуваат на системот Refan се интелектуална сопственост на нивните носители.

  1. Содржина на трети лица

Refan слично како и давателите на интернет услуги (ISP), е дистрибутер (а не издавач) на содржините кои ги прибавуваат третите лица и Крајните корисници. Според тоа, Refan нема поголема уредувачка контрола над тие содржини од онаа што ја имаат јавна библиотека, книжара или киоск. Било какви мислења, совети, изјави, услуги, понуди, или други информации или содржини поставени од трети лица, вклучувајќи и јавни даватели на информации, или било кои Крајни корисници, доаѓаат од соодветните автори или дистрибутери, а не од  Refan. Ниту Refan, ниту било кое трето лице давател на информации не гарантира за точноста, потполноста, или корисноста на било која содржина, како ни за нивната можност за продажба или соодветност за било која определена намена.

Во многу случаи, содржината која е достапна на овие Интернет страници претставува мислење и оценка на соодветниот давател на информацијата, крајниот корисник или друг корисник кој не е во договорен однос со  Refan. Refan не ги авторизира тие информации и според тоа не може да биде одговорна за точноста и сигурноста на било кое мислење, совет, или изјава која е објавена на Refan интернет страниците, од страна на било кој, кој не е овластен работник на Refan, или кој не делува по службена должност.

Под било какви услови Refan нема да биде одговорна за било каква загуба или штета настаната со тоа што Крајниот корисник се потпрел на информација добиена преку системот на Refan. На Крајниот корисник паѓа целата одговорност да ја оцени точноста, комплетноста или корисноста на било која информација, мислење, став, совет или друга содржина која е достапна преку системот наRefan. Refan содржи линкови на web страните на трети лица кои ги одржуваат други даватели на содржини. Овие линкови се поставени само поради практични причини, а не како потврда од страна на  Refan за содржината на страниците на трети лица, и со тоа Refan изрично негира било каква поврзаност со содржината или точноста на материјалот на интернет страниците на трети лица. Доколку крајниот корисник одлучи да пристапи на web страниците на трети лица, тој тоа го прави на сопствена одговорност.

Доколку немате потпишано договор со  Refan, кој изрично ви дозволува да го сторите тоа, не смеете да поставите линкови на Refan интернет страниците од било која друга интернет страница. Refan го задржува правото да ја повлече својата дозвола за поставување на било кој линк во било кое време, а според сопствената дискрециона оценка.

  1. Разно

Насловите на Поглавјата користени во овие Услови за користење служат само заради полесна ориентација и на било кој начин не влијаат на толкувањето на содржината која се наоѓа во нив. Доколку надлежниот суд пронајде дека било која одредба од овие Услови е ништовна, таквата ништовност нема да влијае на валидноста и важноста на било која друга одредба од овие Услови, и преостанатите делови на овие Услови ќе останат на сила.

Доколку било која страна не ги искористи своите права од овие Услови, тоа нема да се смета за откажување или губење на тие права, како ни на било кои други тука наведени права.

Правните спорови кои можат да настанат како последица на користењето на овие Интернет страници (освен доколку со посебен договор не е предвидено поинаку) се во надлежност на судот во Скопје и се решаваат во согласност со позитивните прописи. Со користењето на овие Интернет страници Крајниот корисник е согласен дека било кој спор или барање кое ќе произлезе или е во врска со овие Услови, или во врска со нивното спроведување, е во надлежност на судот во Скопје.

[/col]
[col span=”1″ span__sm=”12″]

[/col]

[/row]
[gap height=”60px”]