Бесплатна достава за сите нарачки во вредност од 1200 денари.28 години произведуваме висококвалитетни парфеми преку економски, еколошки начин за нивна продажба.Телефон: +389 71 809 545
Refan Macedonia

Приказна за квалитет, традиција и страст

Официјален увозник и застапник на Refan за Македонија. Висококвалитетни парфеми и природна козметика по фер цени — од 1991 година.

За нас

Мирисот е наш јазик

Refan Македонија е официјален увозник и застапник на производите на Refan за Македонија. Нашата приказна започнува со едноставна идеја: висококвалитетни парфеми, наливни парфеми и природна козметика да бидат достапни по фер и атрактивни цени. Refan е меѓународен бренд присутен во повеќе од 50 држави, со повеќе од 500 продажни места на 5 континенти. Во Македонија, нашата работа се темели на доверба, одговорност и коректен однос кон секој клиент.

Nalivni Zenski parfemi

Се' што е значајно е невидливо за очите.

Во нашата е-продавница ќе најдете голем избор на:

  • женски и машки наливни парфеми;
  • пакувани парфеми;
  • Maison REFAN и INTENSE линии;
  • козметика за лице, тело и раце;
  • гелови за туширање, шампони и спрејови за тело;
  • рачно изработени сапуни;
  • миризливи свеќи;
  • подарочни сетови и производи за нега.

Нашите наливни парфеми се достапни во различни количини и во стаклени шишиња што може повторно да се полнат. Тоа е практичен, економичен и поеколошки избор за сите што сакаат квалитетен мирис без непотребен трошок.

Погледнете ја понудата

Потребна ви е помош при избор?

Не сте сигурни кој парфем најмногу ви одговара, дали одреден производ е достапен или како функционира доставата? Пишете ни - нашиот тим ќе ви помогне со препорака, информација или насока за најблиска продажна локација. Ве контактираме за скоро.

Нашите вредности

Во Refan Македонија веруваме дека бизнисот постои за луѓето – за нивното задоволство, доверба и благосостојба.

Затоа работиме со љубов, посветеност, чесност, одговорност, почит и искреност. Нашата цел е секој клиент лесно да го најде својот омилен мирис, производ за нега или подарок за блиска личност.

Пронајди најблиско продажно место

Зошто Refan?

Refan ги прави трендовите достапни за сите што сакаат да мирисаат убаво, да се чувствуваат негувано и да изберат производ со одличен однос меѓу квалитет и цена.

Без разлика дали барате секојдневен парфем, елегантен мирис за посебна пригода, козметика за нега или подарок – тука сме да ви помогнеме да го направите вистинскиот избор.

Приказна за парфемите

Како да им понудиме на клиентите широк спектар на висококвалитетни парфеми по атрактивни цени?

Тоа беше прашањето што во 1991 доведе до формирање на РЕФАН ЕООД.

Приказната за Рефан започнува пред 31 годинa и името е кованица од имињата на Рени-сопругата и Стефан-основачот, а сега ја продолжува нивниот син г-ин Ангел Попов со главна цел да ги задоволи и најпребирливите вкусови на потрошувачите.

ПРОИЗВОДСТВО

Фабриката е опремена со современи капацитети за производство на парфеми и козметика.

Меѓу нашите главни снабдувачи на производствени капацитети се следниве светски познати производители: Frima Coruma- Швајцарија / Германија, Vatron May – Франција, Coven Egidio Snc – Италија, GGM Group – Италија.

Суровини и материјали

Refan Bulgaria ЕООД работи во тесна соработка со најголемите и најистакнати светски познати снабдувачи на суровини, додатоци и шишиња за парфеми.

Меѓу нив се водечки европски производители на суровини како што се БАСФ, Huntsman, Seppic; еден од најголемите светски производители на парфемски композиции од Франција, Германија и Англија. Наши добавувачи на стаклени и алуминиумски шишиња за парфеми се компании како што се Nussbaum од Швајцарија и Barlan од Италија.

Продажни локации и работно време

Скопје, кеј 13-ти ноември
Од плоштад, првиот ходник лево, веднаш до Ботони и Сендвичара Нино …
Работно време
Понеделнк-Петок: 09:00-16:00 ч.
Сабота: 09:00 – 15:30 ч.

Скопје, Vero Jumbo
Киоск на ескалаторите кога се симнувате од Џамбо, …
Работно време
Понеделнк-Петок: 10:00-22:00 ч.
Сабота: 10:00-22:00 ч.
Недела: 10:00-20:00 ч.

Скопје, Skopje City Mall
Киоск на 1 кат во ходникот кај Adams Shoes и Little Big …
Работно време
Понеделнк-Петок: 10:00-22:00 ч.
Сабота: 10:00-22:00 ч.
Недела: 10:00-20:00 ч.

Скопје, спроти ТЦ Скопјанка
Спротио Like Cafe, веднаш по скалите над клучарот …
Работно време
Понеделнк-Петок: 09:00-16:00 ч.

Струмица
ТЦ Глобал 1 кат ке не најдете во нов реновиран дуќан
Работно време
Понеделнк-Петок: 10:00-18:00 ч.
Сабота: 10:00 – 16:ч.

Скопје, магацин на големо
Дополнете го постоечкиот, или отворете нов бизнис
Работно време
Понеделнк-Петок: 09:00-16:00 ч.