Нега на сувата кожа во зима

Нега на сувата кожа во зима

Ниските температури и ладниот воздух ја надразнуваат сувата кожа во зима. Загадувањето кое се јавува во овој период предизвикува иритација и често кожата е црвена, се лупи и нема никаков сјај. За да се избегнат штетните ефекти кои ги носи студеното време доволно е да се следат само неколку чекори.

Нема да ти одземат повеќе од пет минути два пати дневно.

 

Нега на сувата кожа во зима

Чекор 1: Чистење

Треба да се избегнува претерано чистење на кожата на лицето. Доволно е да се чисти само навечер со производи кои не ја сушат кожата. Може да се употреби гел за миење или пак млеко за чистење лице. Доколку имате нанесено шминка потребно е прво лицето да се измие со гел па потоа да се исчисти со млеко за чистење. Да се навлажни кожата на лицето, да се измасира со гелот до добивање на пена со кружни движења, потоа добро да се исплакне. Да се избегнува пределот околу очите. За користење на млекото за чистење лице доволно е да се нанесе на памук и да се избрише лицето. Не е потребно плакнење.

 

Предлог производи: Крем за миење лице роза и гарденија,Гел за миење лице полжав и роза, Гел за миење лице со органска розова вода, Млеко за чистење лице со маслинка.

 

Чекор 2: Тонирање

Пред да се нанесат серуми или креми за лице потребно е да се подготви кожата. Во зима треба да се избегнуваат тонирачки препарати кои ја сушат кожата. Наша препорака е користење на вода од роза која дополнително ја смирува и ја негува иритираната кожа. Исто така мицеларна вода од маслинка ќе помогне во хидратација на кожата. Додека пак водата од лаванда ќе има двојно дејство, смирување на кожата и релаксирање на вашиот ум. Се нанесува на памукче и се брише лицето, избегнувајќи го пределот околу очите.

 

Предлог производи: Природна вода од роза, Органска вода од роза дамасцена, Органска вода од роза центифолија, Органска вода од роза алба, Органска вода од лаванда, Мицеларна вода од маслинка.

Нега на сувата кожа во зима

Чекор 3: Очи

Нанесување на крем околу очите е задолжително во зима. Нежната кожа околу нив е посебно сензитивна на надворешните промени. Кремот за околу очи се нанесува по чистење и тонирање на лицето. Се нанесува со нежно тапкање околу очите и се внимава да не влезе од производот во окото.

 

Предлог производи: Крем за околу очи од маслинка, Еликсир за лице и очи Pure rose perfection.

 

Чекор 4: Серум или филер

За да го потенцирате дејството на вашата избрана рутина можете да користите серум или филер. Тие содржат поголема концентрација на клучните активни состојки во формула која лесно се впива во кожата. Делува заедно со кремот со што добивате подобри резултати. Од серумот или филерот се користи мала количина најчесто 2-3 капки и се нанесуваат со тапкање на лицето.

 

Предлог производи: Серум за лице гарденија и роза, Серум за лице полжав и роза, Серум за лице полжав, Филер со витамин Ц, Филер со матични клетки од гарденија, Филер со ниацинамид, Филер со слуз од полжав, Филер со таурин, Филер со хијалуронска киселина, Еликсир за лице pure rose perfection.

Нега на сувата кожа во зима

Чекор 5: Крем за лице

Кремите за лице може да бидат универзални или пак дневни и ноќни. Потребно е да и дадат хидратација на кожата и да ја заштитат од ладниот воздух. Кремот се нанесува по серумот или филерот со нежна масажа на лицето.

 

Предлог производи: Дневен крем за лице од маслинка, Ноќен крем за лице од маслинка, Дневен крем за лице полжав, Ноќен крем за лице полжав, Дневен крем за лице од гарденија и роза, Ноќен крем за лице од гарденија и роза, Дневен крем за лице со хијалуронска киселина, Ноќен крем за лице со хијалуронска киселина, Дневен крем за лице од роза и јогурт, Ноќен крем за лице од роза и јогурт, Дневна есенција за лице кралица роза, Ноќна есенција за лице кралица роза, Дневен крем за лице полжав и роза, Ноќен крем за лице полжав и роза.

 

Советите се од Вашите консултанти за убавина во РЕФАН