блог

Во Бугарија РЕФАН избрана за најдобра компанија

Nagrada
РЕФАН е прогласена за најдобра Бугарска компанија, според гласањето од корисниците, а на натпреварот организиран од Фибанк ( Прва Инвестициона Банка, а во Македонија позната под името Уни Банка).

Nagrada REFAN

„Она што не прави различни од сите други рангирања е нашата желба не само да објавиме победник, туку и да го насочиме вниманието на јавноста на добри деловни примери.
Како компанија, ние постојано се трудиме да го стимулираме развојот на бизнисот “,соопштија организаторите од Првата Инвестициона Банка.
Деветтото издание на престижниот бизнис натпревар се одржа на свеченост во Виваком Арт Хол Арената 5.
Иницијативата на Фибанк има за цел да ги промовира најдобрите бизнис модели во таа земја.
Наградата за РЕФАН е особено важна и возбудлива бидејќи се одредува преку гласање преку Интернет, не од жири, туку од самите корисници.
Фактите говорат дека во последните години козметичката компанија се етаблира како една од најнаградуваните во Бугарија.
Со своите повеќе од 400 продавници во 30 земји на 5 континенти, РЕФАН стана синоним за врвна козметика без граници.
Компанијата нуди стотици висококвалитетни козметички производи и парфеми засновани на плодовите од дарежливата природа.
Стотици претприемачи во Бугарија и ширум светот развиваат успешен бизнис со франшиза благодарение на иновативните и флексибилни деловни формати што ги нуди компанијата.
РЕФАН четири пати ги освои бизнис наградите на Форбс. Покрај тоа, таа ја доби и Светската награда во Париз за „Глобални достигнувања во подобрувањето на квалитетот на производите и услугите“ на Клубот на Глобални Трговски Лидери и беше наградена со Европската награда за квалитет и деловен престиж – Златна европска награда – како награда „Најдобра Бугарска Франшиза во Европа“.
Секој нов производ на компанијата брзо станува хит и добива се повеќе обожаватели ширум светот. Козметиката на РЕФАН се етаблира како прекрасна визит-карта и магичен симбол со незаборавна и уникатна арома.

 

 

Related Posts