Blog
Шест грешки што ги правиме кога бираме парфем
Често работите кои ги правиме секојдневно, и веќе ни преминале во автоматизирано однесување, не размислуваме за нивните чекори и дали воопшто се правилни. Но, може само дел од нив можеме да поправиме, а резултатите да бидат видно подобрени.
-
Нанесуваме парфем на погрешно место
Не само што превземате ризик за ткаенината на вашата омилена блуза туку го губите и најважниот дел – АРОМАТА. Тајната на нанесувањето на парфемот на кожата е тоа што топлината на вашето тело е активатор на различните ноти што ги носи секој парфем. Местата каде вените се поблиску до кожата – зглобовите, вратот, зад увото, дури и срцето допринесуваат за целосно развивање на сите ноти на парфемот и даваат долготрајни и пријатни ефекти.
-
Триење на зглобовите
Да се развијат сите ноти на парфемот доволна им топлината на телото. Со триење на зглобовите не само што се создава дополнителна непотребна топлина, туку се создава и поинаква размена на телесните природни мириси кои го менуваат текот на мирисот.
-
Очекуваме да мириса исто цел ден
Добро познато е дека секој парфем има врвни, срцеви и базични ноти. Разликата е помеѓу овие ноти е голема. Кога бираме парфем ние ги мирисаме и чувствуваме врвните ноти. Од суштинско значење е овие ноти да ни одговараат и да ни се допаѓаат, во спротивно не ќе можете да го носите парфемот. Најголемо лично поврзување има со основните ноти кои всушност траат најдолго.
Тука преземи ја најновата листа со парфеми!
-
Мислите дека ако мириса убаво на вашата пријателка ќе мириса убаво и на вас
Често имаме искуство како се одбираат парфеми врз основа на тоа дека мирисаат убаво на некој друг. Вашата пријателка направила совршена комбинација која на неа и одговара. Вие?! Вие, искористете го искуството на продажните тимови и одберете парфем кој е компатибилен и ќе зборува за вас.

-
Мирисате повеќе парфеми без да паузирате
Познато е дека во природата на сетилото на мирисот возможно е да се почувствуваат три парфеми. Секако дека тука има и исклучоци, па многумина можат доста повеќе парфеми да почувствуваат, но има и такви кои уште по првиот парфем веќе сетилото им е заситено и не се во можност да почувствуваат друг парфем.
-
Многу брзо мирисате различни парфеми
Кога сте во парфимерија и бирате парфеми препораката е да направите пауза од еден до друг парфем. На сетилото му е неопходно време за следната дразба. Затоа, парфем се купува кога имаме доволно време и не брзаме.
Тука преземи ја најновата листа со парфеми!
https://internetmarketing.mk/parfemnew/kako-da-odberam-parfem-na-internet/

