Бесплатна достава за сите нарачки во вредност од 1200 денари.28 години произведуваме висококвалитетни парфеми преку економски, еколошки начин за нивна продажба.Телефон: +389 71 809 545

10 парфеми за жени Бик

Бикот како земјен знак сака сè во природна форма. Тие се поставени на свој начин и одат напред со свое темпо. Го сакаат само најдоброто и исто така сакаат луксуз. Оттука лесните дрвени мириси, сандаловото дрво, исто така ирисот, розата и магнолијата се многу примамливи за нив. Сакаат парфеми кои будат романтика, сензуалност и посветеност.

Bik zena horoskop parfem

Жена бик

Одлучна, упорна, реална, стабилна, тврдоглава, издржлива и толерантна, одговорна, фокусирана и во секој поглед заводлива – сè само дел од карактеристиките на жената родена во знакот на бик.

Таа учи од грешките и не ја повторува истата грешка по втор пат. Нејзината сила се наоѓа во два победнички квалитети кои ги има – чувствителност и стрпливост. Секогаш добро расположена, но не дозволува никој да манипулира со неа, има цврсти мислења кои тешко се менуваат, затоа не треба да и ги тестираме границите бидејки ќе го разбудите нејзиниот бурен темперамент.

Refan parfem prkanje

Од добрите парфеми кои веќе се класифицираат во категоријата „старите добри класични парфеми“ жената бик би одбрала:

  1. Organza – Givenchy

Магична мешавина од класична сензуалност, ориентален парфем кој е цветен, топол, сладок и примамлив

  1. Paloma Picasso

Парфем обожаван од жените повеќе од триесет години…Направен да ги опе сетилата и да открие непознати задоволства и нови сензации.

Тука преземи ја најновата листа со парфеми!

  1. Angel – Mugler

Вистинска палета на мирисни емоции. Весел и преполн со благи мириси на шеќерна волна и чоколадо, но без обзир на изобилството на благи ноти не се доживува како детски туку заведува и привлекува внимание.

  1. Hypnose – Lancome

Заводливи ноти на јасмин и гарденија ги заведуваат вашите сетила, луксузно спакувани ноти кои оддаваат елегантност и магепсувашки шарм.

  1. Addict – Dior

Ориентален мирис со кој ќе се чувствувате слободно и енергично. Ве предизвикува да бидете отворени и свои.

  1. Good Girl – C. Herrera

Секси ориентален мирис кој ви праќа порака дека е многу добро кога сте лоши. Заводлив и привлечен, тоа е парфем кој не дозволува да го замените.

  1. Boss Alive – Hugo Boss

Инспириран од жени кои превземаат смели чекори, дизајниран за уживање во секој момент. Доколку сакате да ја истакнете вашата женственост, а истовремено и силата која ја поседувате, наш предлог е да се обидете со Boss Alive.

  1. Scandal – J.P.G

Сакндалозно привлечен, ве приморува да го сакате. Парфем кој ја истакнува вашата женственост, но исто така го покажува и вашиот цврст каракте и професионалност.

  1. Joy – Dior

Енергичен, живописен и нежен… Мирис на среќа и добро расположение, и едноставно ја буди пролетта во вас.

  1. Gabrielle – Chanel

Го истакнува вашиот бунтвен карактер без да одземе од вашата нежност и елеганција. Апстрактен, цветен парфем кој привлекува.

Тука преземи ја најновата листа со парфеми!

Blog Refan 6