блог

Предлози на парфеми за вистинско доживување на пролетта

Предлози на парфеми за вистинско доживување на пролетта

По деталното истражување, поткрепено со искуството од секојдневните контакти со клиентите, тимот на Рефан ви дава предлози на парфеми со кои вистински ќе ги разбудите сетилата и ќе се подготвите за една нова пролет со сите нејзини сетилни дразби.

Наши предлози за женски парфем се:Предлози на парфеми за вистинско доживување на пролетта

  • Рефан 160 (инспириран од Joy – Dior) Парфем како ода на задоволството и на животот. Овој парфем е замислен  како мирис на енергија, живост и мекост, среќа и добро расположение. Тоа е мирис осветлен со живописна насмевка на цвеќиња и агруми, нежно галење со шума и спокојство на мошуси; парфем со илјада нијанси и аспекти, но сепак кристално чист.

 

  • Предлог број 2 е Рефан 352 (инспириран од Aventus – Creed)  парфем кој е инспириран од некои од најмоќните жени во историјата – царици, кралици и водачки на држави, кои всушност биле клиенти на самиот креатор. Оваа треба да ги инспирира и денешните модерни жени,  кои самоуверено рушат стереотипи, кои се  подготвени со внатрешна сила и сјај и оставаат неизбришлива трага на сето она што ќе го допрат. Луѓето во ваша близина ќе ја почувствуваат вашата величественост.
  • И предлог кој несмее да изостане во оваа прилика е парфемот Рефан 130 (инспириран од Gabrielle Chanel) Парфем како замислен цвет – сјаен и пенлив, чисто женски, заснован на букет од четири бели цвеќиња: богати срцеви ноти на четри бели цвеќиња,  на врвот се модерните ноти, а на самата основа се нотите кои гарантираат женственост и препознатливост.
  • Шест златни правила за нанесување на парфем

Дамите се први, но мажите се неизоставени Предлози на парфеми за вистинско доживување на пролетта

  • Рефан 259 (инспириран од Alein T. Mugler) е моќен и заводлив дрвенест мирис со свежи и елегантни тонови. Овој парфем ќе ве претстави како самоуверен, силен и оптимист по мерка на вонземјанин. Овој парем ќе ви даде извонредна моќ да ги остварите своите соништа. Составот е дрвенест, кожен и ароматичен.

 

  • Рефан 421 (инспириран од EAU de Cedre Armani) е парфем инспириран од мирисот на машка кадифена јакна, кој е мек, нежен и елегантен. Карактеристичниот мирис започнува со масло од лимон и италијански бергамот. Мажествените акорди потекнуваат од есенција на кедар, црн чај, дрвени акорди и велур.

 

  • И парфем кој може и да ви се допаѓа и да не ви се допаѓа, но мора да се признае дека креира фантазија на еден елегантен и со став маж кој не зависи од околината. Комбинацијата на тутун и пачули е најпосакуваната комбинација не само од мажите туку и од страна на жените за нивните мажи. Не дозволувајте да поминат ладните ноќи без Рефан 428 (инспириран од Mystery Tobacco)!

Тука преземи ја најновата листа со парфеми!

Предлози на парфеми за вистинско доживување на пролетта

 

 

Related Posts