Како да реагирате кога примате подарок

Како да реагирате кога примате подарок

Со цел да направите помалку грешки кои всушност ќе бидат несвесно направени, најдобар начин е да се ставите во чевлите на оној кој подарува. Замислете ситуација кога вие бирате подарок, мислите што да купите, помислете на времето кое сте го потрошиле за да одберете подарок, на средствата кои сте ги одвоиле, како и на тоа колку сте имале желба да го израдувате оној за кој е наменет подарокот,… на целото внимание коe сте го насочиле во подарокот кој го подарувате.

Ако се ставите во оваа ситуација веројатно ќе направите вистинска реакција на подарокот наменет за вас. Но, сепак еве некои насоки на кои треба да внимавате.

Споделување на прв впечаток

Доколку оддалеку се гледа дека во виткањето на подарокот е обрнато особено внимание искоментирајте го тоа и пофалете го, истакнете некој детаљ како на пример бојата, формата, креативноста…
Доколку подарокот е вообичаено завиткан овој дел од реакцијата прескокнете го. Бидете искрени!

Покажете восхит

Како да реагирате кога примате подарок

Имајте во вид дека личноста која подарува многу веројатно дека е повозбудена од вас. Таа потсвесно очекува „да ве погоди со подарокот“. На ова можете да вратите со восхит, или пак да издвоите барем една карактеристика од подарокот која е значајна за вас.

 

Не велете „не требало“, наместо тоа кажете „благодарам“

„Не требало“ е последното нешто што би сакала и очекува да го слушне личноста која подарува. Наместо тоа кажете искрено и топло „благодарам“, дури и кога не ви се допаѓа подарокот. Во тој случај одговорете со „благодарам“ на духот на подарокот наместо на самиот подарок.

 

Од каде да почнете

Спомнaвме дека треба да го искоментираме и самото виткање на подарокот, а потоа одиме нa картичката, секако доколку ја има. Прочитајте ја внимателно и покажете радост. По ова одете на подарокот.

 

Дали може веднаш да го отворам?

Прашајте дали можете веднаш да го отворите. Лицето кое ви го дава подарокот сака да види колку сте воодушевени од неговиот избор. Но, некогаш (во зависност од ситуацијата) можеби ќе сака тоа да биде специјално изненадување зачувано за подоцна, па затоа е добро да прашаме.

Кој повеќе добива, тој што дава или тој што добива подарок? Што подаруваме кога подаруваме козметика?

 

Што ако подарокот е ваучер или пари…

И во овој случај најкултурно е да искоментирате како ќе ги искористите парите, за што би ви било корисно тоа. Кажете го тоа на глас.

И секако најдобрата реакција е искрената и спонтаната, онаа која најмногу личи на вас и на вашиот однос со личноста која ви го подарува. Тој однос додатно ќе ја подобри вашата врска.

Како да реагирате кога примате подарок