Бесплатна достава за сите нарачки во вредност од 1200 денари.28 години произведуваме висококвалитетни парфеми преку економски, еколошки начин за нивна продажба.Телефон: +389 71 809 545

Искористете ја сезоната на розите. Како да направите ликер од роза? Рецепт

Подготовката на овој ликер овозможува едно посебно искуство и уживање.  Современата технологина сеуште не ни овозможува да го искусиме, посредно, мирисот на природата. Само оној кој ќе го подготвува овој ликер од рози ќе може да ужива во мирисот на ова незаменливо цвеќе.

Со цел подолго да го задржиме мирисот на розата и подолго да уживаме во нејзината убавина можеме да подготвиме ликер од роза.

Рецептот е едноставен и неопходни се само неколку состојки. На интернет ќе најдете многу рецепти и верувајте кој и да го направите нема да погрешите.

Roza vo priroda

Состојки:

1л вода

1л водка или друг алкохол со околу 38% алкохол

1кг шеќер (може и помалку)

½ лимонтус

Околу 400 грама ливчиња од роза, најдобро од розева роза која е набрана од чиста околина.

Начин на подготовка.

Ливчињата од роза се мијат и се сушат. Шеќерот, зедно со ливчињата се меле во машина за мелење, но може и ситно да се исечка и потоа да се меша со рака.

Се додава водата и алкохолот. Се складира во стаклен сад, затворен и на темно место. Одвреме навреме се превртува садот со цел да се измеша.

Оваа смеса се остава да стои 40 дена. Потоа се процедува и се додава лимонтусот.

Vino od roza

Ликерот ставете  го во некое шише кое едноставно ќе асоцира на нешто убаво и вкусно.

Поделете го со вашите пријатели секој пат кога ќе сакате да дадете внимание и љубов!

Уживајте!