Бесплатна достава за сите нарачки во вредност од 1200 денари.28 години произведуваме висококвалитетни парфеми преку економски, еколошки начин за нивна продажба.Телефон: +389 71 809 545

Сезона на розите. Како да направите џем од рози? Рецепт

Џем од роза е одличен начин да уживаме во мирисот и аромата на розите и по нивното прецветување и завршување на сезоната.

Секако дека имајки го во вид  вашето предходно искуство, со правење џем, можете рецептата да си ја измените.

Потребни состојки:

  • 250 гр. Ливчиња од роза (најдобра е онаа бледо розева, има интензивен мирис и е со многуслојни ливчиња)
  • 1 / 4 Лажиче лимонтус
  • 1 /4 Чаша шеќер

Лимонтусот и шеќерот се мешаат, нежно со рака, со предходно измиените и исушените розови ливчиња. Добро е да се остави подолго време во фрижидер.

Се почнува со подготовката за џем. Потребно е:

  • 750 гр. Шеќер
  • 400 мл вода
  • 1/ 2 лажиче лимонска киселина

shest pravila za nanesuvane parfem 1

Се зема половина од смесата која предходно ја направивте. Се загрева водата во тенџере. Се става половина од смесата и се готват околу 10 минути, додека ливчињата не омекнат и обелат. Се вадат ливчињата и во водата се става шеќерот и се готви 10 минути или додека не се добие конзистентна смеса, како шербет. Шербетот ќе стане со убава боја и ја проверуваме густината меѓу прсти или на тацна.

Се враќаат розовите ливчиња во шербетот. Се проверува густината на шербетот. Кога капката е доволно цврста слаткото е готово. Слаткото на крајот има убава боја и прекрасен вкус.

Остатокот од розовите ливчиња може да ги ставите во замрзнувач или пак да направите дупла доза.

Добар апетит!

Погледнете го следниот линк, кој сликовито и детално ќе ви го прикаже начинот на подготвување на џем од ливчиња од роза.

https://www.youtube.com/watch?v=Gu0EZ_Ui0xs