Бесплатна достава за сите нарачки во вредност од 1200 денари.28 години произведуваме висококвалитетни парфеми преку економски, еколошки начин за нивна продажба.Телефон: +389 71 809 545

Како изгледаат музеите на розата?

Дали сте знаеле дека постојат музеи на розата. Имајки ги во вид благодетите на розата воопшто не треба да биде изненадување секое внимание и почит кон розата.

Во продолжение ќе ви прикажеме слики од музеите низ светот. Еден од најстарите музеи е во Бугарија, во пределот Казанлак кој всушност има многу поволна клима за одгледување на маслодајната роза. Благодарение на овие услови Бугарија е еден од топ извозници на розата, и производи на розата. Таа извезува дури 95 % под производството.

Во овој предел, на крајот на мај месец и во текот на почетокот на јуни се одржува традиционална берба на роза. Таа берба е прерасната во фестивал во кој се пренесува традицијата и важноста на ова цвеќе за економијата и културата.

Kazanlak muzej na rozata star

Muzej na rozata kazanlakk bure

Ekstrakcija na roza

Muzej na rozata burinja

Nov muzej na rozata destilacija

Посебноста на овие музеи е што најчесто се наоѓаат во неурбанизирана средина и кога сте таму имате чувство дека сте едно со природата, а таа ве гали со нејзините убавини.

Во Бугарија во 2015 година изграден е и нов музеј кој всушност ја претставува историјата на розата и нејзиното значење.

Доколку сакате да купите сувенир кој ќе ве потсетува на вашето патување во оваа земја дефинитивно тоа треба да биде некој призвод од роза.

Музеј на розата во Пекинг

Во 2016, Во Пекинг изграден е нов музеј на розата, тој е модерен и голем со специфична препознатлива архитектура. Фасцинира со модерниот дизајн и големина.

Интересен е фактот дека во источните земји културата на користење на роза, како козметика така и во прехрана, е значително поголема од останатите делови на земјата. Па, оттука се поставува прашањето дали тоа е нивниот еликсир за младиот изглед.

Peking 2 Peking1Peking3

Интересно е дека покрај ваквите музеи кои според нивната големина и намена спаѓаат во музеи, низ светот има и „куќи“ кои се наменети за одгледување на розата. Тие од интересно хоби на љубители на розата направиле место каде луѓето можат да направат прошетка во природата и да ги нахранат сите сетила од убавината на розата.

 Роза во Америка

Muzej na roza America4

Muzej na roza Gorgia1

 

Gorgia3Gorgija2

America3

Кај нас, во Македонија, не е познато одгледување на розата со ваква намена, но таа е украс на многу дворови, кои едноставно го задржуваат здивот и погледот, оправдувајќи се со нивната убавина која дава дури занесно чувство.