Зошто се користи розата во парфемите?

Зошто се користи розата во парфемите?

Бугарија е на прво место во производството на висококвалитетно масло од роза. Бугарското масло од роза содржи над 200.000 состојки, што го прави погодно за парфимеријата. За да се добие висококвалитетно масло од роза, важнo е и уникатната клима во долината на Розите, исклучително благопријатна за одгледување на маслодајна роза. Најмногу масло се извезува во Франција за производство на парфеми, и во Германија, каде што се користи во фармацијата, на пример за производство на лекови против алергија.

Бугарското масло од роза исто така успешно се продава на јапонскиот пазар. Вкупно околу 95% од произведеното масло се извезува во странство.

Зошто се користи розата во парфемите?

 

Сите светски познати парфеми компании во своите рецепти користат масло од роза поради две главни причини:

– му дава на парфемот голема издржливост и

– специфична арома.

Таа е неопходна состојка во парфемите од 1720 година и се доставувало преку Цариград во Марсеј, Лондон и Њујорк, и со коњски каравани низ Букурешт до Виена, Париз и Берлин.

Знаете ли колку рози се неопходни за еден килограм розово масло?

Зошто се користи розата во парфемите?

Меѓународната цена на миризливата течност е помеѓу 7-12 илјади евра за килограм. За производство на 1 кг розово масло, потребен е тон розов цвет, а во неповолни климатски услови, потребната количина на цвет може да достигне 3-4 тони.

Бугарското масло од роза има освоено златни медали на светските изложби во Виена (1873), Париз (1875), Филаделфија (1876), Чикаго (1893) и други.

Зошто се користи розата во парфемите?