Како да имате мазни и негувани раце во зима?

Како да имате мазни и негувани раце во зима?

Причините за сува кожа и кожа која лесно пука можат да бидат разна природа. Најчесто тоа се временските прилики, условите на работното место, природното стареење на кожата, користењето на жешка вода, користење на фен за сушење на рацете, медицински состојби.

Сигурно сте запознаени дека изгледот на рацете има голема улога во првиот впечаток кој го оставаме. Како доказ може да послужи и фактот од статистичките истражувања дека негата е најприсутна кај оние делови од телото кои се видливи – рацете и лицето.

Причини за сува кожа и нега на рацете

Има повеќе причини за појава на суви раце. Тука ќе спомнеме неколку, издвоени по принципот – причини на кои можеме да делуваме.

Како да имате мазни и негувани раце во зима?

  • Прва е временските прилики

За време на постудените месеци, вообичаено е вашата кожа да стане сува. Климатските промени, особено студеното време без многу влага во воздухот, може да предизвикаат сушење на рацете. Намалената влажност во воздухот ја црпи влагата од кожата.

 

  • Второ се условите на работното место

Условите на работното место може да влијаат на појавата на сува кожа на рацете. Луѓето со работни места за кои е потребно темелно и долго миење на рацете, како медицински сестри, лекари или наставници, може да забележат суви раце. Работниците во фабриките или фризерите може рутински да бидат изложени на хемикалии или други груби надразнувачи. Ова може да доведе и до суви раце. Фактот дека и кога ќе користат креми за нега многу често тие немаат прилика да остават да дејствуваат дополнително прави тешкотија во негата на сувата кожа.

 

  • Трето е природното стареење на кожата

Оваа причина е истакната кај луѓето по 40 тата година. Кај жените, поради хормоналните промени, оваа причина е повеќе истакната. Се јавува неопходноста од негата на кожата.

 

  • Користењето на топла вода е четвртата причина

Ова е поврзано и со временските услови, кога е поладно времето користиме многу потопла вода, а тоа пак директно влијае на дехидратацијата на кожата.

 

  • Петто- користење на фен за сушење на рацете

Луѓето кои имаат сува кожа на рацете треба целосно да ги исушат рацете по миењето, но само со помош на тапкање на памучна крпа. Користењето на фенови за сушење на рацете треба да се избегнува.

 

  • Медицински состојби

Некои медицински состојби, исто така, може да доведат до суви раце или да го изложат лицето на ризик почесто да добива суви раце. На пример, луѓето со автоимуни нарушувања, како што се дијабетес или лупус, може да имаат намалена циркулација на крвта во рацете. Ова предизвикува нивните раце полесно да се иритираат. Егземата и псоријазата, две состојби кои предизвикуваат воспаление на кожата, исто така може да предизвикаат суви раце, лупење на кожата и пукање.

  • Дезинфекција

Честата и неопходна дезифекција со многу агресивни средства кои не се соодветно формулирани придонесуваат до влошување на состојбата.

Доколку вашата кожата на рацете поцрвенува, почнува да се лупи и постојано имате чувство на затегнатост треба да превземете чекори кои ќе ја променат оваа состојба.

Внимавајте на составот на кремите кои ги користите за нега на рацете.

 

Како да имате мазни и негувани раце во зима?
Во продажните места на Рефан можете да најдете многу производи кои ќе ви помогнат кожата на рацете секогаш да изгледа совршено.
Како да имате мазни и негувани раце во зима?

Мазни и негувани раце во зима

Негата на раце ќе ја поделиме во неколку чекори кои се лесни за вклучување во вашата секојдневна рутина.
  • Прв чекор: Чистење

За миење на вашите раце потребно е да одберете препарати кои не се агресивни, имаат природен состав или пак содржат навлажнувачки состојки. Во нашата палета на производи нудиме цврсти и течни сапуни. Рацете треба да се мијат не помалку од 30 секунди со нежни движења за да се отстрани нечистотијата и да можат состојките да делуваат.

Хербални цврсти сапуни со 97% природни состојки достапни во повеќе варијанти како што се:

Роза, Пеперминт, Лаванда, Лимон и врбинка, Зелени листови, Маслинка и рузмарин.

Течни сапуни кои имаат состојки кои ја задржуваат влажноста на кожата, а воедно ја чистат.

 

  • Втор чекор: Нега

За нега на вашите раце располагаме со голем избор на креми, лосиони и путери кои одговараат на сечиј вкус и индивидуална потреба. Лосионите се со соино масло, или шеа путер во зависност од изборот кој ќе го направите. Повеќето путер-креми се со шеа путер и путер од какао. Исто така има креми со додаден екстракт од јогурт кој е добро познат навлажнувач. Во нашите понови креми додаден е и витамин Б3 кој ја осветлува и изедначува кожата на рацете. Екстракт од морски алги и секрет од полжави се само дел од составот на нашите креми.

Кремот може да се нанесува во секое време, но задолжително е навечер пред спиење на исчистени раце. По можност да се употребат платнени ракавици за да се подобри дејството на кремите преку ноќта. Секое утро ќе се будите со кадифено меки раце.

Како да имате мазни и негувани раце во зима?

  • Бонус чекор: Дезинфекција

За да ги заштитите рацете од сушење и да го зачувате здравиот изглед одберете некој неагресивни производи за дезинфекција кои содржат природни навлажнувачки состојки како што е слуз од бел слез, пантенол и глицерин. Достапни се и варијанти без мирис за чувствителна кожа склона кон алергии.

Како да имате мазни и негувани раце во зима?