Бесплатна достава за сите нарачки во вредност од 1200 денари.28 години произведуваме висококвалитетни парфеми преку економски, еколошки начин за нивна продажба.Телефон: +389 71 809 545

Што ни помага а што ни одмага да бидеме поздрави!

Збогум на стресот
Едно истражувања во САД докажало дека луѓето кои прават добри дела и даваат пари или го трошат своето време за добротворни цели имаат пониско ниво на стрес хормони во телото. Тие, исто така во животот доживуваат стрес, но добрите дела им помагаат да се чувствуваат подобро, што автоматски влијае на намалување на стрес хормоните во телото како што е кортизолот.

96catumblr m4jcnoS2og1r573sro1 500Proverete koj e vashiot sreken den

Среќа на работа
Луѓето кои без некои посебни причини се дарежливи кон своите колеги прават добра работна атмосфера. Колегите ги сакаат поради тоа, а на нив работното место им станува удобна средина. Познато е дека добрата атмосфера на работа придонесува за добро здравје.

giphy

Смисла на несебичност
Неколку студии покажале дека дарежливите луѓе имаат чувство дека прават нешто добро за светот и дека зад нив светот ќе остане подобро место за живеење. Сето ова буди во нив чувство дека се несебични, им дава поширок поглед на нив самите но и на луѓето воопшто. Тоа се причините зошто таквите луѓе се чувствуваат добро во својата кожа, а тоа секако добро се одразува и на нивното здравје.

6lUJXBD

Подолг живот
Дарежливи луѓе живеат подолго, докажува истражувањето на научниците од Универзитетот во Бафало. Научниците тоа го поврзуваат со пониското ниво на стрес во телото на дарежливите луѓе. Тие поради тоа ретко се разболуваат, а со самото тоа се долговечни.

264392

Посреќен брак
Дарежливи луѓе имаат посреќен брак. Зошто? Затоа што сте дарежливи кон своите партнери, а тоа секоја врска ја прави побогата и поубава.

giphy

Ментално здравје
Едно истражување во САД покажува дека дарежливите луѓе се психички по здрави. Поретко страдаат од депресија, анксиозност и поретко доживуваат напади на паника. Научниците не можат да објаснат точно зошто е тоа така, но веруваат дека тоа е поврзано со пониското ниво на стрес хормоните во телото и поздравиот поглед на свет.

giphy

Клучот е кај нас, самите!