Бесплатна достава за сите нарачки во вредност од 1200 денари.28 години произведуваме висококвалитетни парфеми преку економски, еколошки начин за нивна продажба.Телефон: +389 71 809 545

8 мали нешта кои ќе ве направат среќни

Филозофите велат дека секое патување почнува со мал чекор. За да бидеме посреќни треба најнапред да сме благодарни и задоволни со она што го имаме и да развиеме свест дека дел од среќата зависи од нашето размислување

giphy

Будете се рано

На оние што рано ранат не им треба дополнително време за будење. Тие доаѓаат рано на работа, полни со енергија, и до пладне веќе го завршуваат најтешкиот дел од работата. Истражувањата покажаа дека кај мнозинството луѓе креативноста и способноста за фокусирање се најголеми наутро помеѓу 8 и 10 часот. Затоа, наместо цела ноќ да ја минете работејќи или грижејќи се за следниот ден, легнете во кревет порано, наспијте се и денот почнете го еден час порано. Завршувајте ги работите рано, а веќе по првата завршена работа ќе ве зафати дополнителен полет. Навечер ќе бидете задоволни и ќе имате поттик да продолжите така.

giphy

Разбудете ја љубопитноста

Ако човек не прашува и не ги слуша одговорите, не истражува и не се информира, тешко дека ќе пронајде мотивација да ги оствари своите приватни и деловни цели. Кусокот љубопитство е ментален убиец зашто ако не истражувате и не се информирате, тешко дека ќе добиете нови идеи и цели.

giphy

Покажете почит

Почитта е двонасочна улица. Ако ги почитувате другите и тие ќе ве почитуваат вас. Но, постои нешто што му претстои на меѓусебното уважување, а тоа е почитта кон себеси. Најдобро ќе ја покажете ако внимавате на себе, здравствено, психички, емотивно но и физички. Вашиот убав изглед и убавото однесување и на другите ќе им стават до знаење дека се вредни за почит.

giphy

Научете да простувате

Лутината, огорченоста и слични чувства ве уморуваат и поради нив ќе се чувствувате лошо, особено ако молчите и не разговарате со личноста на која и се насочени. Ослободете се од лоши чувства и насочете се кон нештата кои ве усреќуваат. Кога ќе научите да простувате или да не ги доживувате нештата кои ве унесреќуваат, секој ден ќе ви биде поубав и ноќе ќе спиете мирно. И неоптоварени.

giphy

Чувајте си го интегритетот

Не е целта сите да ве сакаат, туку да ве сакаат и почитуваат оние, чие мислење ви е важно. Не бидете неодлучни, размислете за нештата кои ви се важни, заземете став и држете се до него. Ќе бидете посреќни, појасно ќе се гледате себеси и луѓето околу вас. Држете до зборот и не газете се себеси. Луѓето со мисија и јасна визија за себе и за својот живот се посреќни и посигурни во себе.

giphy

Преземете контрола над своето здравје

Здравјето е богатство. Грижете се за себе. Во животот ќе добиете втора шанса за многу нешта, но не и за здравјето. Внимавајте што јадете, колку спиете и грижете се за своето тело. Имаме само едно тело – незаменливо и во него треба да минеме долга низа години.

giphy

Бидете самоуверени, а не арогантни

Луѓето често ја мешаат самоувереноста и ароганцијата. Арогантните ретко ги слушаат другите и се обидуваат да го постигнат тоа што го сакаат на сила. Без оглед на другите и на се што ги опкружува. Самоуверените се свесни дека не се совршени, ама имаат доволно самодоверба и здрав ум елегантно да ги решаваат секојдневните проблеми. За разлика од арогантните, самоуверените сфаќаат дека не се совршени, нема секогаш да победат, но и дека животот продолжува.

giphy

Смејте се

Смеата е бесплатна, не бара напор, а наградата е голема. Смејте се често. Ако мислите дека немате на што да се смеете и дека се околу вас е лошо, потрудете се да пронајдете некоја ситница што ќе ви пружи радост. Среќата, како и смеата, зависи од начинот на кој го гледаме светот околу себе, а тоа бара тренинг. Кога ќе откриете нешто што предизвикува смеа, споделете го со другите. Луѓето ќе ви одговараат со насмевка, а со насмевка и најтешките состојби полесно се пребродуваат. Бидете добри со луѓето околу вас и, низ насмевка или убав збор, доброто ќе ви се врати.