Супер понуда: бесплатна достава за нарачки над 1000 денари за Скопје во рок од 1-2 работни дена, низ Македонија 3-5 работни дена.
БЕЗ ПАРАБЕНИ
Начин на употреба: Нанесете врз проблематичните зони за поинтензивен ефект. Може да се користи самостојно или во комбинација со други продукти
Екстракт од полжави- ефикасно средство во борбата со стареењето
Во забрзаното секојдневие не забележуваме како се појавуваат првите мали брчки, опуштената кожа и загубата на хомогениот тен. За да го вратиме часовникот и да го забавиме стареењето на кожата, користиме различни средства. Едни од најефикасните се покажуваат овие, позајмени од природата. Таков е и екстрактот од полжави. Едно од неговите основни својства е да ја активира кожата. Неговите основни компоненти се:
- Алантоин- ја хидрира кожата со повишување на содржината на вода во неа, го потпомага одделувањето на мртвите клетки и ги намалува воспаленијата
- Колаген и еластин- ја подобруваат еластичноста на кожата и ги намалуваат фините линии
- Гликолова киселина- ја ексфолира кожата
- Хиалуронова киселина- го активира делењето на клетките и обновувањето на кожата, ги намалува брчките, придава форма на кожата која старее, ги хидрира ткивата во длабочина
- Протеини- ја омекнуваат кожата
- Витамин Е- моќен антиоксидант, ја заштитува кожата од слободните радикали
Богатството од активни компоненти во екстрактот од полжави ги стимулира клеточните функции, ја засилува синтезата на протеини и регенерирањето на кожата, го забавува стареењето.