Како да одберам парфем на интернет?

Како да одберам парфем на интернет?

Еве дојде времето кога и парфем сакаме да купиме преку интернет. Прво нешто што ни доаѓа на памет е дека тоа е скоро невозможно ако предходно го немаме мириснато парфемот. Но, ајде да размислиме. Колку пати вие сте отишле со цел да купите парфем иако предходно го немате мириснато туку само сте го виделе на реклама, или сте дознале дека од конкретен креатор има нов парфем, или на постоечкиот е изввадено ново издание….? Еве јас како долгогодишен продавач на парфеми сведок сум дека всушнот најчесто овој е начинот на продавање и во физичката продажба.

За да си помогнеме во процесот на набавка на парфем по интернет еве неколку насоки кои се базираат на догогодишно искуство.

  1. Истражете кои се најпродавани парфеми

Вистината е дека има зошто тие се најпродавани. Тие се трендовски, имаат модерни ноти, соодветни се на моменталната динамика, и дефинитивно се од топ креатори кои се високо реномирани. Може да е случајност да се продава некој парфем, но кога секој пат станува збор за парфем од  ист креатор тогаш дефинитивно е збир на повеќе фактори.

  1. Проверете ги моменталните оценки и коментари.

Во изборот можат да ни помогнат интернет страни кои располагаат со коментари и оценки од корисниците на парфемите. На истите страни го има и составот, распределен во мирисни ноти, но и за тоа за каков тип на парфеми станува збор, дали е летен, зимски, свеж, јак, вечерен… Една таква страна е  https://www.fragrantica.com/. Доволно е само да го искуцате парфемот и сите информации ви се на дланка.Како да одберам парфем на интернет?

  1. Според вашата личност

Никој не ве познава подобро од вие самите. За ова можат да ви помогнат разни квизови кои одат според личност, според хороскопски знак, според расположение и слично. Овие квизови можат да ви дадат идеа која пак ќе ви биде од корист.

  1. Имајте ја во вид сезоната

Годишното време е навистина нешто што влијае на нашиот избор на парфеми. Дефинитивно искуството покажува дека во лето се бараат свежи, лесни, цветни, продорни, водени парфеми, па и неретко ги нарекуваме летни парфеми, додека во зима и во студено време побарани се благи, ванилести, мошусни, јаки, интензивни …парфеми.

Вистина е дека мирисните ноти различно се развиваат на различна температура.

  1. Поделба на парфемите

Ова е направено само за да се олесни пронаоѓањето на вистинскиот парфем и реално колку може да се даде објективна нота на парфемите затоа што знаеме дека секој си ги доживува на свој единствен начин.

Се делат на свежи, цветни, двенести и ориентални.  Има и подгрупи, но и ова може да ви помогне да го изберете парфемот.

  1. Многу важно!

Доколку знаете дека некоја состојка ви смета, внимавајте да ја нема во составот, секој друг избор може да биде супер варијанта за вас. Можеби повеќе или помалку ќе ви се допаѓа но нема да ви пречи.

  1. Консултација

Нешто што ви следува како право на купувач! Па нели кога одите во физичка продавница вие можете да побарате помош и консултација од продавачот? Супер! Можете и во овој тип на продажба 😊