Научивме колку пати и како да ги миеме рацете. Колку пати треба да го миеме лицето?

Научивме колку пати и како да ги миеме рацете. Колку пати треба да го миеме лицето?

Дефинитивно во секое зло има и добро. После искуството со вирусот сигурно секој од нас почесто ги мие рацете и знае зошто го прави тоа.

Што е со лицето? Колку често треба да го миеме? Дали има врска каков тип на кожа имаме?

Колку пати?

Не постои магичен број што се однесува на секоја личност, но треба темелно да го миете лицето барем еднаш дневно. Сепак, многу луѓе треба да се мијат два пати заради нивниот животен стил. Темелното миење може да помогне за сјаен тен, но треба да бидете внимателни ако имате розацеа или пак други реакции на кожата.

Научивме колку пати и како да ги миеме рацете. Колку пати треба да го миеме лицето?

Миење според типот на кожата

Да, треба да се има во вид и типот на кожата.

Па, ако страдате од претерано мрсна кожа, најверојатно, треба да го миете лицето два пати на ден. Ова е затоа што маслото е склоно да се заглави во порите што води кон акни, па бидете сигурни дека сте го измиле добро лицето и сте спречиле појава на мозолчиња.

ВАЖНО! Не претерувајте со миење, затоа што всушност ќе направите сушење на површината на кожата, а таа пак до мозокот ќе даде информација дека тука, на површината, е суво, со што мозокот на оваа информаија ќе одговори со продуцирање на нови масти.

Ако имате сува кожа, веројатно ќе ви биде подобро само еднаш да го измиете лицето еднаш дневно. Ова е затоа што прекумерното чистење би можело дополнително да ви ја одземе кожата од нејзините природни масла.

И за крај, но не и најмалку важно, колку пати на ден треба да го измиете лицето ако имате комбинирана кожа? Кога имате комбиниран тип на кожа, каде што одредени области на вашето лице се мрсни, додека други се суви (обично се карактеризираат со пробивање во областа “Т-зона”), бројот на пати што ќе треба да го исчистите лицето на дневната основа ќе варира.

Научивме колку пати и како да ги миеме рацете. Колку пати треба да го миеме лицето?

Општо земено, треба да го миете лицето два пати на ден – кога ќе се разбудите и кога одите во кревет. Сепак, тоа не е секогаш случај; обрнете внимание на потребите на вашата кожа и внимавајте како реагира на вашата рутина. Најдоброто нешто што треба да направите е да се фокусирате на области кои имаат тенденција да бидат мрсни или пак се суви.

Без оглед колку често ќе одлучите да го измиете лицето, производот (ите) што ќе изберете да го користите се клучни. Одберете производи кои ќе бидат нежни, неагресивни кон вашата кожа. Тие не треба да ја сушат кожата дури и да се за масна кожа.

Секако, не го заборавајте магичното правило- Никогаш не легнувајте со шминка!