Бесплатна достава за сите нарачки во вредност од 1200 денари.28 години произведуваме висококвалитетни парфеми преку економски, еколошки начин за нивна продажба.Телефон: +389 71 809 545

Како позитивните мисли ја намалуваат болката

Позитивниот начин на размислување влијае на тоа како ја доживуваме болката, тврдат научниците на британскиот Универзитет Рединг.

Само пет минути на когнитивно бихејвиористичка терапија, која се служи со позитивни мисли, ја намалува болката за 60 отсто, пишува Дејли Мејл.

Научниците со помош на термални сонди кај испитаниците на возраст помеѓу 28 и 31 година предизвикале болка, со тоа што дел од испитаниците биле подложни на когнитивна терапија. Оние кои биле на третман со позитивни мисли, чувствувале до 58 отсто помалку болка отколку оние во контролната група, потврдило истражувањето.

Кај луѓето кои се лекувале со позитивни мисли, болката  се намалила за 38 отсто, додека кај другите се зголемила за осум отсто.

„Когнитивната бихејвиорална терапија го менува начинот на кој мозокот доживува болка. Тоа во голема мера би можело да им помогне на хронично болните лица, истакнува водачот на студијата, д-р Тим Саламонс.