Бесплатна достава за сите нарачки во вредност од 1200 денари.28 години произведуваме висококвалитетни парфеми преку економски, еколошки начин за нивна продажба.Телефон: +389 71 809 545

Како со Фенг Шуи да ја откриете тајната на среќниот дом

Слободниот проток на свежа енергија е основниот принцип на фенг шуи, древната кинеска вештина за уредување на животниот простор. Затоа, во својот дом внесете, на пример, свежо цвеќе и овошје на масата, свеж воздух или нови фотографии.

 

B7598B0A8DC18B49961B141BA6D5BA34Одвреме-навреме разместете го мебелот или барем помрднете го за неколку сантиметри. Во спротивно енергијата ќе застои. Исполнете го просторот со звуци на пријатна музика која позитивно ќе влијае на вашето расположение.

Украсете ги ѕидовите со фотографии на кои се гледа како вие и членовите на вашето семејство уживате во среќни и опуштени моменти. И не допуштајте во домот да се таложи ѓубре.

Спална
Ослободете ја спалната соба од вишокот предмети. Во неа поминуваме 8 часа секој ден и тоа е најинтимната просторија во станот.
Затоа со неа започнете го големото чистење на домот. Соберете ја расфрланата облека во шкафот и ослободете се од вишокот предмети под креветот и во шкафовите или барем уредно средете ги во посебни кутии или вреќи.

C9DF3DAEF2E2A847BAA46E65FB27F8D8Кујна
Кујната секогаш држете ја уредна и чиста. Состојбата во неа многу влијае на здравјето на домашните, особено на црниот дроб, сметаат Кинезите. Црниот дроб е главниот прочистувачки орган. Затоа одржувајте ја кујната чиста и уредна. Редовно фрлајте ја скапаната храна од ладилникот и не дозволувајте во мијалникот да се таложат валканите садови и користете природни средства за чистење.

E8A1F85BB56AFD4C99126196E5BFEC31Главната врата и ходникот се уста на Чи енергијата
Преку главниот влез домот ја прима енергијата и затоа тој во фенг шуи се нарекува уста на Чи енергијата. Многу е важно како изгледа ходникот бидејќи личноста го создава првиот впечаток за нечиј дом врз основа на она што ќе го види кога влегува низ главната врата. Затоа околу влезот не би смееле да стојат канти за ѓубре, стари тегли за цвеќе, а ходникот не го затрпувајте со чевли.

B1C9AE4B5A850B48BC1FCFB17FB8A304ИСТОК
Источниот дел на домот се поврзува со успехот, благосотојбата, но и плодноста. Во тој дел поставете “луцкѕ бамбоо” (среќен бамбус).
ЗАПАД 
Тоа е подрачје на љубовта, но и приходите. Така што најдобро е во тој дел од станот да поставете симболи на љубовта како фигурички од вљубена двојка или срца.
СЕВЕР
Север се поврзува со мирот и духовноста. Внесете повеќе светло на таа страна, свеќи, растенија и нека не биде пренатрупан со предмети.
ЈУГ 
Енергијата на југот ви помага да ја придобиете помошта од другите луѓе. Во тој дел можете да поставите високи растенија за поактивен социјален живот.

.


stay connected 1

Не пропуштај

Придружи се на нашата заедницата од над 8000 пријатели


[ux_product_flip products=”16″ orderby=”rand”]

Ознаки: