7 едноставни начини како да се ослободите од стресот за миг

7 едноставни начини како да се ослободите од стресот за миг

Ослободувањето од стресот не мора да биде сложен или долготраен процес. Постојат многу брзи и едноставни начини коишто можат да ви помогнат да се релаксирате и да се ослободите од напнатоста, а згора на с4, можат и да бидат многу забавни

 

Гледајте глупави филмови

Заглавени сте со работа на голем проект? Погледајте некое кратко, смешно видео за да ги наполните батериите. Смеата се има покажано како одлична противтежа за ефектите од менталниот стрес, како и голема помош за зголемување на продуктивноста. На пример, една студија има потврдено дека по гледањето смешен видео клип, луѓето поминале двојно повеќе време во изврушување тешка обврска во споредба со оние коишто не го погледнале.

Испијте шолја зелен чај

Аминокиселината содржана во зелениот чај може да ја намали реакцијата на стрес на вашето тело кога е соочено со тешка ситуација. Истражувачите веруваат дека зелениот чај може да влијае врз нервниот систем да го произведе овој смирувачки ефект.

Помирисајте портокал

Една студија од 2012 година има покажано дека инхалирањето мирис на портокал може значително да го намали вашето ниво на стрес. Можете да пробате да кориситите есенцијално масло од портокал за намалување на напнатоста, или едноставно да излупите еден свеж портокал и да уживате во мирисот.

Решете крстозбор

Сосредоточувањето на некоја ментална задача како решавање крстозборка е одличен начин за релаксација. Го активира префронталниот кортекс на мозокот, којшто му помага на телото да го регулира нивото на анксиозност при стресни моменти. Пробајте да решавате судоку или сложувалки со барање зборови, наместо да се препуштите на ненадејниот напад на гнев што не можете да го контролирате.

Истегнете се

Доколку не можете да седите мирни во канцелариското столче, имате чувство како нешто да ве боцка од секаде, можеби е добро време да запрете направите пауза за истегнување. Учесниците во една студија спроведена на Универзитетот Кентаки изјавиле дека се чувствуваат посреќни или помалку напнати по кратка рутина на истегнување. Пробајте некои од овие едноставни истегнувања за почетници.

Измасирајте си ги рацете

За справување со стресот не ви е потребна целосна масажа на телото. Масажата на рацете се покажува како одличен метод за зголемување на опуштеноста и намалување на анксиозноста. Доколку некој друг ви ги измасира рацете, на тој начин ќе се подобри комуникацијата и приврзаноста меѓу двајцата.

Дишете длабоко

Ова е можеби најлесната техника што можете да ја примените. Едноставно вдишувањето длабоко неколку пати се покажува дека го намалува срцебиењето, го намалува крвниот притисок и го намалува нивото на хормони на стресот. Трикот е во тоа да се погрижите да дишете стомачно. На тој начин белите дробови целосно се исполнуваат и внесуваат повеќе кислород во телото.