Сите

Дали знаете дека редовното читање книги го продолжува животот

Дали знаете дека редовното читање книги го продолжува животот
Читањето книги е поврзано со долговечноста, покажа истражувањето извршено врз 3.635 лица повозрасни од 50 години, пренесува списанието „Сошл Сајанс енд медисин“

Истражувачите ги поделиле субјектите во три групи: во првата спаѓаат оние луѓе коишто воопшто не читаат, во втората оние кои читаат до три ипол часа во седмицата и во третата – оние кои читаат повеќе од три ипол часа. За луѓето од втората група, се покажало дека има 17 отсто помала веројатност да умрат наредните 12 години, отколку оние во првата група. Кај луѓето од третата група пак, веројтноста е 23 отсто помала.

Љубителите на книги просечно живеат 2 години подолго от оние што воопшто не читаат, според резултатите од истражувањето.

– Луѓето коишто читаат барем половина час на ден, имаат значително поголеми шанси за подолг живот за разлика од оние кои воопшто не читаат. Луѓето што читаат, покажуваат посилни умствени способности, коишто комбинирани со читањето, јасно ја прикажуваат поврзаноста со долговечноста, изјави Бека Леви, професор на универзитетот во „Јејл“.

Авни Бавиши, раководителот на истражувањето, исто така оцени дека внесеноста во приказната, настанитте, ликовите, како и должината на литературата, ги зголемува умствените квалитети и го продолжава животот.

Related Posts