Козметика, Лице, Тело

SUN CARE PERFECTION за долготраен тен без изгореници

SUN CARE PERFECTION за долготраен тен без изгореници

Новата линија на Refan за заштита од сонце SUN CARE PERFECTION содржи посебно разработена формула со висока заштита против сонце која ја штити кожата од изгореници и оштетување од штетните UV зраци.

Експертски широкоспектралниот UV-филтерен Tinosorb – систем обезбедува висока заштита за секој тип на кожа противоштетувања и стареење. Иновативната технологија дава ефикасна поддршка против UV- зраци и сончеви реакции,  како и поголема заштита против слободните радикали.

Серијата на Refan за висока заштита од сонце SUN CARE PERFECTION содржи креми за лице и лосиони за тело со SPF 30 UVA/UVB  со специфична мирисна нота на овошје и SPF 50 UVA/UVB во две мирисни ноти – со мирис на овошје и со мирис на роза.

SUN CARE PERFECTION за долготраен тен без изгореници

Кремите за лице се изработени со високомолекуларна хиалуронова киселина, која ја хидрира површината на кожата и го спречува губењето на вода. Адекватната водна содржина е неопходна за доброто функционирање на сите структури во кожата и го подобрува нејзиниот релјеф и глаткост.

Кремите за лице се со комфорна свилена текстура без чувство како да лепат ниту  да прават мрсен филм на кожата.

Лосионите за тело се збогатени со природен токоферол /витамин Е/, кој  ефикасно заштитува од слободните радикали, нивната  елегантна текстура  дава  свилен осет, без мрсни и бели траги.

Производите за лице и тело од сонце-заштитната линија SUN CARE PERFECTION  ја прават кожата мека и влажна. Обезбедуваат сигурна фото заштита за добивање на рамномерен и долготраен тен без изгореници и дозволуваат задоволство од сонцето преку целата година.

Уживајте во свежината на вашето тело ова лето со SUN CARE PERFECTION

Related Posts