Наливниот парфем и парфемот во оригинално пакување можат да ја содржат истата мирисна композиција. Разликата не е во квалитетот на мирисот, туку во амбалажата, брендот и дистрибуцијата — што го зголемува само цената, не и трајноста или интензитетот на мирисот.
Што е наливен парфем?
Наливен парфем е парфемска композиција преточена во едноставна амбалажа, без дизајнерско шише, луксузна кутија или маркетинг кампања. Мирисот е ист или инспириран од познат мирис — цената е пониска затоа што не се плаќа за брендирање.
Што е парфем во оригинално пакување?
Парфем во оригинално пакување е производ каде дел од цената оди за дизајн на шишето, брендот, маркетингот и продажните канали (бутици, дјути-фри), а не само за самата мирисна течност.
Дали наливните парфеми се послаб квалитет од оригиналните?
Не. Квалитетот зависи од концентрацијата на мирисни есенции и прецизноста на составот, не од амбалажата. Квалитетот кај наливните парфеми варира од продавач до продавач, затоа е важно да се купува од продавач кој дозволува тестирање пред купување. Силната страна на Рефан е тоа што состојките и суровините се од светски познати произведувачи на овие суровини. Всушност и за брендираните парфеми и за Рефан суровините се набавени од исто место.
Колку чини наливен парфем во споредба со оригинален?
Наливните парфеми се обично 3 до 10 пати поевтини од истиот или сличен мирис во оригинално пакување, бидејќи трошокот за амбалажа, бренд и маркетинг е изостранет.
Кога вреди да се избере оригинално пакување?
Кога амбалажата има вредност сама по себе — на пример подарок за значаен настан, или колекционирање дизајнерски шишиња, кога е поважна амбалажата и цената на подарокот отколку самата вредност на подарокот.
Кога вреди да се избере наливен парфем?
Кога приоритет е самиот мирис, а не амбалажата — особено ако сакате повеќе различни мириси за различни пригоди, наместо еден скап парфем.
- За секојдневни прилики, работа, факултет, тренинзи..
- Потоа кога сакате да го смените вашиот парфем добро е да се тестира новиот парфем со алтернативен за да видите дали ви одговара новиот избор. За парување и ограничен простор.
- За ограничен буџет.
- За брзо освежување во текот на денот.
Заклучок
Разликата меѓу наливен и оригинален парфем не е прашање на квалитет, туку на тоа за што плаќате. Мирисот може да биде идентичен — амбалажата и брендот се она што ја зголемува цената.
Тестирајте го мирисот бесплатно во некоја од REFAN продавниците и добијте персонализиран совет пред да изберете.
—



