Ноќен крем за лице Витамин Ц

487 ден

Антиоксидантен ноќен крем за лице кој се бори со стареењето на кожата и ѝ придава светол, и сјаен надворешен  изглед. Збогатен со витамин С кој ја стимулира синтезата на колаген, ги закрепнува ткивата и го намалува оксидативниот стрес на кожата, предизвикан од факторите на околната средина. Сквалан од маслинка ја потхранува кожата преку ноќта и ја подобрува нејзината еластичност.

50 ml

Направете нарачка од 1,200 ден и остварете бесплатна достава!
Опис

Супер понуда: бесплатна достава за нарачки над 800 денари за Скопје во рок од 1-2 работни дена, низ Македонија 3-5 работни дена. 

Начин на употреба: се нанесува на чиста и сува кожа на лицето навечер за закрепнување преку ноќта.
БЕЗ ПАРАБЕНИ
30 ml

Витамин С одамна го привлекува вниманието на козметолозите, а откритијата во последните години потврдуваат дека игра значајна улога во зачувувањето на убавината и здравјето на кожата. Тој учествува во сите процеси кои се случуваат во кожата  – растеж, обновување на соединувачкото ткиво, заштита од штетните влијанија  на околната средина, заздравување на раните, синтеза на колаген, кој го спречува предвременото стареење на кожата. Активно го потиснува изработувањето на меланин , при што на тој начин го намалува формирањето на пигментни дамки и пеги. Прекрасно ја избелува кожата.

Витамин С е моќен антиоксидант, кој ги сврзува слободните радикали, кои се формираат под дејство на околната средина и како резултат на физиолошките процеси во организмот. Има уникатни заштитни својства. Содржината му е значително помала во кожа која е повредена од сонце, отколку во нормална, затоа што тој се троши за спречување  и неутрализирање на негативното дејство на сончевите зраци.

Серијата производи за лице со витамин С со трговската марка REFAN содржат стабилна, маслорастворлива форма на витамин С, којашто:

  • Има многу добра апсорпција преку кожата
  • Ја инхибира активноста на внатреклеточната тирозиназа и меланогенезата (избелување)
  • Ја намалува UV- индуцираната повреда на ДНК на клетката (UV заштита / анти-стрес)
  • Ја спречува липидната пероксидација и стареење на кожата (антиоксидант)
  • Ја повишува синтезата на колаген и заштита на колаген (против стареење)