MOISTURIZING Серум за лице 100 мл
750 ден
MOISTURIZING
Серум за лице
- Екстракт од полжав – едно од најефикасните средства за регенерација на кожата, благодарение на неговите вредни компоненти ја подобрува синтезата на протеините, хидрира и го забавува стареењето. Нејзината главна особина е да ја активира кожата преку стимулирање на клеточните функции и на тој начин ја обновува и заздравува. Содржи многу вредни компоненти за неа: алантоин, колаген, еластин, гликолна киселина, хијалуронска киселина, протеини итн.
- Гел-концентрат од алое вера – содржи над 150 состојки кои ги одредуваат неговите неверојатни својства. Тоа се над 12 витамини – А, Е, Б1, Б2, Б3, Б12 итн., минерали – калиум, калциум, магнезиум, селен, бакар, хром, цинк, фосфор итн., танини и над 18 амино киселини. Покажува силни регенерирачки својства во случај на воспаленија на кожата и е исто така познат по својата долготрајна хидратација на кожата.
Направете нарачка од 1,200 ден и остварете бесплатна достава! Супер понуда: бесплатна достава за нарачки над 1000 денари низ цела Македонија во рок од 1-2 работни дена.
MOISTURIZING
SNAIL EXTRACT AND ALOE VERA GEL CONCENTRATE
Еден од најчесто користените екстракти во козметиката: од полжав и алое вера, се комбинирани во серијата SNAIL EXTRACT AND ALOE VERA GEL CONCENTRATE на РЕФАН. Серијата вклучува: дневен крем, ноќен крем, серум за лице и путер – крем за за тело. Ние користиме високо ефективна активна состојка: концентрат од гел од алое вера, кој се одгледува во Мексико и е со гарантиран квалитет. Содржи над 300 супстанции неопходни за кожата, вклучувајќи шеќери, витамини, елементи во трагови и амино киселини. Концентратот од гел од алое вера има силно регенерирачко, хидратантно и антиинфламаторно дејство. Широко се користи во козметичките производи, благодарение на исклучително позитивното дејство на кожата. Неговите својства се документирани повеќе од 5.000 години и се практикуваат во кинеската, индиската и египетската култура. Алоето беше присутно како една од омилените билки во ритуалите за разубавување на египетските кралици. Другата активна состојка во серијата е стандардизиран екстракт од полжав со гарантирано француско потекло, кој ги стимулира функциите на клетките, ја поддржува регенерацијата на кожата и го забавува процесот на стареење. Го активира дермисот благодарение на скапоцените компоненти кои ги содржи – алантоин, колаген, еластин, гликолна киселина и хијалуронска киселина.

