Супер понуда: бесплатна достава за нарачки над 1000 денари низ цела Македонија во рок од 1-2 работни дена.
COCONUT & VANILLA (КОКОС И ВАНИЛА)
Производите од серијата Coconut & Vanilla ве обвиткуваат со уникатна арома на кокос и нежна ванила, специјално развиени за секојдневна нега во сите сезони. Комбинацијата на активни состојки вклучени во составот ја прави кожата мека, еластична и хидрирана.
Путер кремот за раце, стапала и тело содржат комбинација од висококвалитетни активни состојки кои ја прават кожата мека, еластична и хидрирана:
Шеа путер – богат со витамини и масни киселини. Големото количество на витамин Е во него помага да се заштити од влијанието на околината и дејството на слободните радикали. Го спречува уништувањето на колагенот и појавата на брчки, ги измазнува фините линии и ефикасно се спротивставува на процесот на стареење. Витаминот F е од особено значење за одржување на здрава и убава кожа и нокти. Шеа путерот има силно омекнувачки ефект на груба, сува и лушпеста кожа.
Какао путер – природен стимуланс кој го забрзува обновувањето на клетките, ја подобрува хидратацијата, дава сјај и мазност и ја одржува еластичноста на кожата. Тој е извор на природни антиоксиданси.
Бадемово масло – ја смирува и омекнува кожата, правејќи ја помазна и поубава. Ја хидрира и ја обновува кожата, има антиоксидантни својства.
Глицерин – има способност да привлекува и задржува влага од околината, ја штити и ја обновува природната бариерна функција на кожата. Така, во пракса, ја зголемува еластичноста на кожата.
Витаминот Б3 ја намалува загубата на вода и има анти ејџинг ефект, ја измазнува кожата, ја стимулира еластичноста на кожата.
Хидратантниот гел за туширање, збогатен со провитамин Б5 и глицерин, нежно ја чисти, освежува и тонизира кожата на телото.