Супер понуда: бесплатна достава за нарачки над 800 денари за Скопје во рок од 1-2 работни дена, низ Македонија 3-5 работни дена.
Начин на употреба:
Нанесете врз навлажнета кожа на лицето, вратот и деколтето. Масирајте со нежни движења, а потоа исплакнете со вода.
Кремот за лице нанесете го на чиста и сува кожа со масажни движења.
100 ml
Колагенот е основната состојка на кожата, одговорна за затегнат и младешки изглед. Како и повеќето градивни елементи на кожата, тој непрекинато се обновува. Со настапување на стареењето, се забележува и успорување на процесите на деградација на колагенот, кој го условува опуштањето на кожата и појавата на брчки. Многу од факторите на околината влијаат како УВ зраците, пушењето, хлорираната вода, слободните радикали и воспалителните процеси, кои ги активираат колагеназите. Тоа се ензими одговорни за деградацијата на колагенот.
- Екстрактот од матични клетки од гарденија делува на три основни нивоа:
- Ja поттикнува синтезата на колаген
- Го забавува процесот на деградација на колаген
- Ја инхибира синтезата на колагеназите
Ефикасноста на стимулирање на синтезата на колаген е сразмерен на ефектот со дејството на витаминот Ц.
Бугарското розово масло содржи 300 докажани состојки, кои претставуваат 86% од составот на маслото. Останатите 14% се состојки во многу мали количини, но многу важни за неговиот квалитет. Розовото масло е “женско” масло. Се користи во ароматерапијата за третман на нарушувањата во репродуктивниот систем. Дејствува како многу моќен афродизијак, особено кај жени со емоционални пречки, кои водат до сексуални проблеми.
Погодно е за сите типови на кожа, но најмногу се преферира за сува, чувствителна и кожа склона кон стареење. Има тонизирачки и затегнувачки ефект врз капиларите, како и врз циркулацијата на крвта како целина, што го прави многу соодветно при вцрвенета кожа.
Соодветно е за користење при дерматитис и егзема. Има регенеративно дејство врз ткивата и е делотвроно при рани – дејствува за брзо заздравување и против лузни. Дејствува противвоспалително и заздравувачки и при изгоретини од сонце.