Супер понуда: бесплатна достава за нарачки низ цела Македонија за 24 часа.
Нарачај денес, добиваш утре.
Shea/Karité
- Шеа путер, исто така познат како Карите путер, е еднo од најголемите чуда на црниот континент. Тоа е извлечено од оревите на Дрвото Магнифолија (Butyrospermum Parkii) кое расте во Саваните во Западна Африка. Неговото име значи “живот”, и се смета за свето. Дрвото не може да одгледува култивирано и тоа расте само како диво. Карите дрвото расте до височина од 10 до 15 метри, а може да живее импресивни 300 години. Тоа започнува да цвета на возраст од околу 50години. Карите дрвото почнува да раѓа плод по околу 15 години, но тоа може да потрае и до 30 години за да се има квалитетен вид на ореви со висока содржина на витамини и масни киселини. Плодовите се мали, овални, со темно зелена боја со јадро во облик на бадем и зрее од јули до септември. Собирањето и преработката на Шеа оревите се врши само од страна на возрасни жени. Само тие имаат право да ги кршат оревите и да подготват шеа путер. Оревите се сушат и мелат како паста. Оваа паста се меси постојано се додека не стане карите путер – универзален производ за нега на кожата, кое често се смета за “женско злато”.
- Жените од Буркина Фасо традиционално го користат за масажа на новороденчиња. Се верува дека египетската кралица Нефертити ја должи величественоста на нејзината убавина на секојдневнта употреба на шеа путерот.
- Шеа путерот е исклучително вреден, поради неговите компоненти и придобивките за кожата. Големата количина на витамин Е обезбедува заштита од штетните ефекти на УВ зрачењето и слободните радикали. Тоа помага во спречување на појавата на брчки, ги измазнува фините линии на лицето и го спречува предвременото стареење на кожата. Витаминот Ф дејствува како заштитник на кожата. Тој има силен омекнувачи ефект врз грубата, сува и ранлива кожа. Шеа путерот, исто така, содржи значително количество на цинаминска киселина, супстанција која делува како природен заштитен фактор SPF 4.
- “Женското злато” е богато со траги од елементи и масни киселини – еднакви пропорции на заситени и полинезаситени масни киселини. Тоа содржи големи количини на олеинска киселина – 40-50%, стеаринска киселина – 40-50%, палмитинска киселина – до 10%, а линолинска киселина до 2%. Тие се неопходни за одржување на влажноста и еластичноста на кожата и за регулација на длабинската синтезата на липидите. Овие состојки на Шеа путерот се корисни за обновување на клетките, обновување на воспалениот слој на кожата и за смирување. Се верува дека овој путер е најдобар за нега на кожата во зима и по изложување на сонце, затоа што ја содржи потребната влага и хранливи состојки за во студената сезона и за суво време. Шеа путерот може да се примени онаму каде на кожата и треба хидратација.