Супер понуда: бесплатна достава за нарачки над 1000 денари за Скопје во рок од 1-2 работни дена, низ Македонија 3-5 работни дена.
Начин на користење: нанесете врз добро почистената кожа и масирајте до неговото потполно впивање.
Лавандата го придружувала човекот уште од древноста, зашто го фасцинирала со своите ароматски и убави сино-виолетови цветови. Таа е користена во форма на масло, а исто така и како исушени ароматични стракови.
Освен прекрасниот релаксирачки пријатен мирис, маслото од лаванда поседува антисептичко и регенеративно дејство. Концентрат од кисело млеко има одличен ефект врз сувата и проблематична кожа, зашто ја навлажнува, омекнува и измазнува, благодарение на големата содржина на липиди, протеини, минерали и витамини. Кожата станува мазна и еластична, хидрирана во длабочина и ја возвраќа својата сатенска мекост. Комбинацијата од природно масло од лаванда и концентрат од кисело млеко во козметичката серија Provence Lavender на REFAN ја смирува, хидрира и регенерира, а нејзината релаксирачка арома ќе ве пренесе во провансалските полиња од лаванда и ќе ви ги заплени и помилува вашите сетила.