Супер понуда: бесплатна достава за нарачки над 800 денари низ Македонија во рок од 24 часа.
Серија Cotton Blossom & Honey
Медено сладка арома на производите од серијата создава чувство на хармонија и радост. Активните состојки деликатноја хидрираат и омекнуваат кожата и косата.
Путер кремите за раце и тело содржат:
- Шеа путер: богат со витамини и масни киселини. Има подмладителен ефект како резултат на дејството на витамин А. Големото количество витамин Е во него помага да се заштити од влијанијата на животната средина и дејството на слободните радикали. Го спречува уништувањето на колагенот и појавата на брчки, ги измазнува фините линии и ефикасно се спротивставува на процесот на стареење. Витаминот Ф е особено важен за одржување на здрава и убава кожа и нокти. Шеа путерот има силно омекнувачко дејство на груба, сува и ронлива кожа.
- Какао путер: природен стимуланс кој го забрзува метаболизмот на клетките, ја подобрува хидратацијата, дава сјај и мазност и ја одржува еластичноста на кожата. Тој е извор на природни антиоксиданти.
- Витамин Б3: ја намалува загубата на вода и делува против стареење, ја измазнува кожата, ја намалува пигментацијата, ја стимулира еластичноста.
Шампонот е збогатен со маслиново масло – за подобрување на структурата на кожата и косата и за олеснување на чешлањето.
Производите се дизајнирани за секојдневна нега, давајќи му целосна удобност на телото, а аромата на расцветани пролетни цвеќиња создава весело расположение ден за ден.