Шеќерен ексфолијант за тело Passion Fruit 240 ml

298 ден

⭐⭐⭐⭐⭐

Passion Fruit

Шеќерен ексфолијант за тело 240 ml

Шеќерен пилинг за тело “Passion fruit” од “Refan” со природни шеќерни кристали од природни растителни масла, ги отстранува мртвите клетки правејќи ја совршено мека и чиста кожата.

Шекерен пилинг за тело “Passion fruit” содржи растителни масла од:

Масло од семки од грозје (Vitis vinifera). Богато е со незаситени масни киселини и витамините Е и D. Тоа е многу фино, соодветно за секаков тип на кожа и широко се користи како масло за масажа. Се апсорбира лесно во кожата, ја прави мазна и без непријатно мрсно чувство за неа.

Масло од семки од кајсија (Prunus armeniaca). Нежно, ситно масло со бледо жолтеникава боја. Богато е со незаситени масни киселини – линолова, линоленска и олеинска, како и витамини – Е, A, D и F. Маслото од семки од кајсија е соодветно за секој тип на кожа, но е со особено добар ефект кај стара, чувствителна, сува и воспалена кожа.

Бадемово масло. Липидниот состав на бадемовото масло, на пример, е најблизок до човечкиот. Тоа се апсорбира брзо, смирува, омекнува и ја измазнува кожата. Не иритира и не предизвикува алергиски реакции.

240 ml

9 преостанато