Супер понуда: бесплатна достава за нарачки над 800 денари за Скопје во рок од 1-2 работни дена, низ Македонија 3-5 работни дена.
Начин на употреба: се нанесува на чиста и сува кожа на лицето навечер за закрепнување преку ноќта.
БЕЗ ПАРАБЕНИ
30 ml
Витамин С одамна го привлекува вниманието на козметолозите, а откритијата во последните години потврдуваат дека игра значајна улога во зачувувањето на убавината и здравјето на кожата. Тој учествува во сите процеси кои се случуваат во кожата – растеж, обновување на соединувачкото ткиво, заштита од штетните влијанија на околната средина, заздравување на раните, синтеза на колаген, кој го спречува предвременото стареење на кожата. Активно го потиснува изработувањето на меланин , при што на тој начин го намалува формирањето на пигментни дамки и пеги. Прекрасно ја избелува кожата.
Витамин С е моќен антиоксидант, кој ги сврзува слободните радикали, кои се формираат под дејство на околната средина и како резултат на физиолошките процеси во организмот. Има уникатни заштитни својства. Содржината му е значително помала во кожа која е повредена од сонце, отколку во нормална, затоа што тој се троши за спречување и неутрализирање на негативното дејство на сончевите зраци.
Серијата производи за лице со витамин С со трговската марка REFAN содржат стабилна, маслорастворлива форма на витамин С, којашто:
- Има многу добра апсорпција преку кожата
- Ја инхибира активноста на внатреклеточната тирозиназа и меланогенезата (избелување)
- Ја намалува UV- индуцираната повреда на ДНК на клетката (UV заштита / анти-стрес)
- Ја спречува липидната пероксидација и стареење на кожата (антиоксидант)
- Ја повишува синтезата на колаген и заштита на колаген (против стареење)