Супер понуда: бесплатна достава за нарачки над 1000 денари за Скопје во рок од 1-2 работни дена, низ Македонија 3-5 работни дена.
Начин на користење: наутро се нанесува врз чиста и сува кожа со нежно тапкање со прсти, се размачкува врз лицето и околу очите. Одбегнувајте контакт со слузницата на очите!
50 ml
Youthful Perfection
Младите сакаат секоја минута да се радуваат на животот, да излегуваат со пријатели и да уживаат исполнети со самодоверба. Тие живеат со брзо темпо и за нив посебно важно е грижата за перфектниот изглед да не одзема време… Непроспиените ноќи се дел од динамичната младост: луди забави, учење за испити, интернет сурфање… Пријатните емоции се добродојдовни, но темните кругови околу очите и трагите од замор по непроспиена ноќ не се пожелни. И тогаш потребно е да се најде козметика која брзо и ефикасно да го обнови свежиот и сјаен изглед на кожата.
Затоа козметолозите на REFAN ја разработија серијата Youthful Perfection, наменета за млада кожа. Благодарение на нејзината активна состојка Early Boost PA производите од серијата ja разбудуваат и енергизирaат кожата за кусо време, исто како што чашата јако кафе го разбудува организмот. Тоа се должи на фактот дека уникалната формула на Early Boost PA е природен извор на таурин, кој ги намалува признаците на замор, ја тонизира кожата и ја прави свежа до сјај. Делува како антиоксидант, ги подобрува својствата на клетките и метаболизмот и на овој начин се бори со појавата на брчките.
Козметичката серија Youthful Perfection на REFAN вклучува крем за лице и околу очи и ноќен серум за лице и околу очи, които ја будат кожата и ги редуцираат темните кругови под очите. Исто и гел за миење на лице, кој нежно ги остранува загадувањата без да ја суши кожата, а полимлечната киселина која ја содржува, ги ексфолира и чисти порите во длабочина, отстранувајќи го непотребниот себум.
Youthful Perfection е перфектниот избор за младите и динамични луѓе, за кои новото и модерното се стил и начин на живот.