Супер понуда: бесплатна достава за нарачки над 800 денари низ цела Македонија во рок од 1-2 работни дена.
Начин на користење: се нанесува на чиста и сува кожа на лицето наутро за заштита преку ден.
БЕЗ ПАРАБЕНИ
50 ml
ВИТАМИН С ПРОТИВ СТАРЕЕЊЕ
Витамин С е моќен антиоксидант, кој ги сврзува слободните радикали, кои се формираат под дејство на околната средина и како резултат на физиолошките процеси во организмот. Има уникатни заштитни својства. Содржината му е значително помала во кожа која е повредена од сонце, отколку во нормална, затоа што тој се троши за спречување и неутрализирање на негативното дејство на сончевите зраци.
Губејки витамин С, кожата губи од својата мазност, еластичност и младост. Но, во чист вид витамин С е исклучително нестабилен. Не издржува на дневна светлина, воздух, и висока температура. Се раствора лесно во вода, но брзо оксидира во воден раствор под дејството на воздухот и светлината. Поради тоа неговото вклучување во составот на сретствата за грижа на кожата долго време беше проблем.
Серијата производи за лице со витамин С со трговската марка REFAN содржат стабилна, маслорастворлива форма на витамин С, којашто:
- Има многу добра апсорпција преку кожата
- Ја инхибира активноста на внатреклеточната тирозиназа и меланогенезата (избелување)
- Ја намалува UV- индуцираната повреда на ДНК на клетката (UV заштита / анти-стрес)
- Ја спречува липидната пероксидација и стареење на кожата (антиоксидант)
- Ја повишува синтезата на колаген и заштита на колаген (против стареење)
Дневниот крем ја штити кожата од УВ- зраците и штитејки ја од формирањето на слободни радикали, се бори со предвременото стареење.